Барбара Поповиќ ја промовираше „Мирисаш“

Пејачката Барбара Поповиќ, поддржана од Роберт Билбилов ја промовираше песната „Мирисаш.
Роберт Билбилов се потпишува на музика, аранжман и продукција, а текстот е дело на Робин Зимбаков и Роберт Билбилов.

Видеото е на познатиот уметнички и моден фотограф и видеорежисер, Зоран Стојановски – Зонде.
Во спотот, освен Барбара, се појавува и самиот режисер, но и Александар Тарабунов, како и неколку пријателки на пејачката.

„Долго време работевме на оваа тема и размислувавме кога би било најдобро да излезе во етер и конечно се решивме. Се надевам ќе им се допадне на слушателите и ќе измамиме насмевка во овој тежок период во кои се наоѓаме сите. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној кој сум го пеела до сега, малку експериментиравме со нов призвук. Мислам дека „Мирисаш“ е само почеток на она што допрва ќе следи.“ – вели Барбара.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background