(видео) Не само Бугарите, туку и Торбешите, Еѓипјаните и останатите во Уставот – Можен ли е мултикултурен Устав?

Хоџиќ, Мустафа, Дурмиши, Земон, Бабоски и Ѓеоргиев во Стадион зборуваа за тоа по каков терк треба да се направат промените во Уставот. За Рубин Земон, тоа треба да биде мултикултурен устав со граѓани во него. Неждат Мустафа смета дека се’ додека во македонските партии не ги си  ги решат меѓу себе овие чувствителни прашања со консензус, дури потоа можат и помалите заедници ние да учествуваат во дебати со нивни прашања.

-Ова е држава на македонскиот народ и сувереност им припаѓа на македонскиот народи и етнички заедници што живеат овде, изјави Мустафа.

Џељо Хоџиќ, кој е претставник на Боњаците во власта, нема никакво проблем ниту една задница да си го оствари правото, туку напротив, како што рече ќе помогне за инклузија и на најмалата заедница, бидејќи со тоа станува државата посилна. Хоџиќ го коментираше и прашањето што се дебатира за промена на Уставот по хрватски пример.

 

-Околу хрватскиот предлог – тоа првенствено е околу набројување на заедниците. Тоа сме го заврши во 2001 година со дефинирање на заедници, етникум. Непотребно е да го отвараме повторно тоа прашање. Што би изгубиле ако се додадат Еѓипјаните…што изгуби државата со тоа што ги додаде Ромите, Бошњаците? Ова ќе ни дојдеше на глава и без Бугарите. Хрватите немаа проблем со Бугарите, тука, кај нас почнаа неколку различни толкувања, дебати во јавност при што се бара прво да имаме реципроцитет, па потоа да ги внесеме во Уставот. Турците се во македонскиот Устав. Дали ние имаме реципроцитет со Турција?!, праша Хоџиќ.

Рејхан Дурмиши од Здружение торбешки мост, изјави дека бараат торбешката заедница да влезе во Уставот, бидејќи Торбешите се посебна заедница врз основа на фолклор, празници, свадбени обичаи носии. Иако заедницата говори македонски јазик, но, како што кажа, во македонскиот  јазик има многу примеси специјално за торбешката заедница и по овој критериум ги исполнуваат критериумите за засебна заедница.

-Не знам од каде тезата дека Торбешите се исламизирани Македонци, од  век и памтивек сме биле Торбеши. И во Аргентина има Аргентинци кои зборуваат шпански, а не се Шпанци. Говорот има една етничка национална припадност, но другото е се’ друго, вели Дурмиши.

Во однос на малата бројка на декларирани Торбеши во Уставот, за кој верува дека е многу поголема и се движи меѓу 100.000 и 150.000, Дурмиши смета дека ако има шанси да ги влезат во Уставот, таа бројка ќе биде многу поголема. На последниот Попис само околу 6000 се изјасниле како Торбеши.

Митко Ѓеоргиев, претставник на Бугарите вели дека е за граѓански Устав, каков што го имавме, но благодарение на многу барања, се промени и сега не знаеме каде да тргнеме.

-При спроведување на уставните измени не може само политичарите да одлучуваат, туку да дојдат и експерти. Намерата да бараме корени со Античките Македонци, само ја оддалечуваат Македонија од ЕУ. Македонија без влез во ЕУ не може да опстане. Затоа сите македонски политичари треба да направат се’ Македонија да влезе во ЕУ. Како? Не можам да кажам, но политиката е компромис, кажа Ѓеоргиев.

Според него, има многу заедници, но 195 успеале да направат држава.

-Имаме шанси како држава да опстанеме, 57 отсто од луѓето се православни христијани, македонската нација е стварност, македонската држава е стварност, но опстанок на оваа држава е само со компромис, изјави Митко Ѓеоргиев.

Гостите во Стадион рекоа дека се за измена на изборниот систем, но секогаш тоа е тема пред изборите, додека вистина дебата нема.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background