(Видео) Од една до осум изборни единици и од 90 до 140 пратеници лицитираат политичарите и експертите во дебатата за изборните реформи

ВМРО ДПМНЕ смета дека сега е време да се согласат за една изборна единица, бидејќи на тој начин добиваме подобра претставеност на сите општествени групи во Парламентот, би се подигнале демократските стандарди во државата и ќе се добие подеднаква тежина на правото на глас
на секој граѓанин на Република Макеоднија, изјави актуелната пратеничка од редовите на ВМРО ДПМНЕ,Дафина Стојаноска во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Таа вели дека ова е единствена можност за помалите партии да не мора да коалицираат предизборно, односно и тие рамноправно да одат со свои листи.

„Мислам дека е презрело време за ова да се разговара, жалам што ова зависи само од волјата на Талат Џафери односно би рекла и од неговата партија ДУИ бидејќи таа е главна во одлуките на ова владејачко мнозинство. Но се отворија голем број на прашања што покажува дека навистина треба да се разгледаат и предвидат сите ризици, за да не ни се случи случајот со пржинска влада, како и со СЈО”, вели Стојаноска.

Според поранешниот министер за здравство, адвокатот Никола Тодоров добро е што конечно се води сериозна и подлабинска дебата за реформа на изборното законодавство што треба да резултира со еден модел кој ќе опстои подолго време и ќе има предвидливост.

Тодоров предлага комбиниран изборен систем со парламентарен состав од 140 пратеници кој ќе овозможи поголема демократија, поголема застапеност на граѓаните и општините во Собранието, а од друга страна ќе оневозможи блокирање на државата, постојани пердвремени избори, нестабилни влади.

„Со кратење на бројот пратениците на 90 од економски причини трошоците би се намалиле за незначителни 0,01 проценти, вистинското релаксирање на буџетот може да се случи само со радикално кастрење на администрацијата. За да се обезбеди поголем интегритет на парламентот и контрола на извршната власт предлагам 70 пратеници да се избираат од 70 општини со мнозински модел, а другата половина да се избираат со пропорционален модел по Донтов метод без изборен праг.Пржинската влада треба да се укине заедно со законските ограничувања сто дена пред избори, со што застанува целиот економски живот во државата и тоа да се сведе само на 20 дена. Гласањето на дијаспората исто така треба да се укине, затоа што искуството покажа целосна незаинтересираност кај нашите во странство и непотребно трошење на огромни буџетски средства. Исто така предлагам избирачкиот список да се формира според принципот на активна регистарција, да гласаат само тие граѓани со право на глас кои се пријавиле, со што ќе се олеснат изборните циклуси и проблемите што ги создава цензусот. За целиот овој демократски амбиент да профункционира поефикасно нужна е промена на собранискиот деловник и оневозможување на блокадата на било кој закон со амандмани” изјави Никола Тодоров во емисијата „ Стадион” на Радио Канал 77.

Изборите да се организираат во осуми зборни единици, според сегашните планско развојни региони и отворени листи, предлага Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците.

„Овде имаме промена на изборниот законик пред секои избори. Во зависност од демографските движења се менува и бројот на гласачи, плус минус пет отсто и пред секои избори имаме прекројување на изборните единици. Според една симулација направено за изборите 2016. Источниот регион би имал 10 пратеници, југоисточниот 10, југозападниот 14, пелагонискиот 13,
полошкиот 20, североисточниот 10, скопскиот 35 и вардарскиот 8 пратеници”, изјави Рашиди за „Стадион”.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background