ВИДЕО: Уникатно музичко патување со Васил Гарванлиев

Васил Гарванлиев ја продолжува својата музичка мисија со веќе препознатливата уникатна експресија и повторно на сосема свој начин.

Сега со впечатливата енергија на „Патувам“ ги кани уживачите во неговиот звук на уште едно автентично музичко патување.

Ова е негова соработка со Давор Јордановски – продуцент кој живее и твори во Торонто. А на текстот се потпишува Тања Брковска. На видеото повторно става потпис екипата од претходните проекти: Ѓорѓи Вацев – камера и постпродукција, креативен директор e Јелмаз Дервиши a кореографијаta e на Иван Ангелковски.

“Патувам, за мене претставува средба и сеќавање со љубопитното дете во сите нас кое со душа чека да му се отвори вратата за да погледне во еден поубав и посветол свет. Овој проект, е голем чекор напред на мојата патека што потврдува дека кога имаме искрена желба, љубов, и приказна со вистински тим секогаш ќе најдеме и вистински начин на изразување. Сите заедно и во сите бои, со спонтана енергија, мислам дека создадовме уште една поп приказна на која сум особено горд. И да, патувам каде јавето е исполнет сон. “ -вели Васил.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background