(Видео) 30 години работев со Руси и Украинци, немало делење, ме чуди како денес може да бидат непријатели, вели Костовски

Споредбите на Македонија со Украина, за македонскиот бизнисмен Трифун Костовски се недозволиви, бидејќи македонскиот народ се соочува со асмилиација, што тоа не е случај во Украина од страна на Русија.

„Историјата во ниту еден момент не смееме да ја идентифукуваме за нас Македонците и споредување со Укрианци и Руси. Русите никој пат не ја асимилирале, немало асимилација да по сила на закон мора да бидат Руси, овде кај нас ние Македонците сме подложни на асимилација, ние имаме бугарофили, гркофили, србофили тоа е фактот. Македонија и македонскиот јазик, во споредба со украинскиот јазик литературен е многу постар. Сум живеел таму и морам да кажам, Украина била земја која секогаш била дел од големи империи, се сеќаваме на Киевска Русија, Полска која некаде 16 -17 век била од Балтик до Црно Море и Украина била дел од нив. Тука има големо мешање на цивилизации и вредности во самиот систем  и самиот украински народ комплетно се разликува од тој на западниот дел и источниот дел“, вели бизнисменот Костовски.

Тој сподели искуство од неговиот престој во Украина и соработките кои ги имал со бизнисмените, но и за односот на украинците и русите како народ.

„Јас сум работел 30 години со Русија и Украина, меѓу Руси и Украинци никогаш немало делење. Многу ме чуди како може денес да станат непријатели. Западот на начинот на кој се однесува во поглед на санкциите кон руската федерација, на ЕУ и НАТО тука ни најмалку не говориме за демократија“, вели Костовски.

Зеленски актуелниот претседател  тој е од Криви  Рих, неговото обраќање е и на украински и на руски јазик. Во Криви Рих е центарот на таа цела индустрија, железна руда, агломерати, пелети, црна металургија Криви Рих е град кој што е широк 15 километри, долг 120 километри, таму сум живеел, таму се најголемите богатства, тоа во јужниот дел на Украина, кон Одеса, Крим, вели Костовски.

Костовски зборуваше за политиката на Зеленски, но и за она што се случува на како што вели тој на сцената каде има главни актери кои се задолжени за мирот и демократијата.

„Кај Зеленски чувстувам дека неговите емоции се многу силни, но тој не е политичар. Тој е чесен човек сега кога моли за било каков мир, тој се чувстува одговорен за бегалските кризи и оваа беда што се појавува, бидејќи објективно цената за таа војна ќе ја плати самата Украина. Погледнете ја сцената на главните актери кои се задолжени за мирот во светот. Кого го нема? –  Го нема Трамп, ја нема Меркел. А сите други се тука Џонсон, Макрон, дојде Бајден, ја нема Меркел и веднаш изби војна. Украинското прашње не е од денес или вчера, туку од пред две децении“, вели Костовски.

Украина е најплодното земјиште, од цела земјена топка. Вели дека Укриана е богата земја со суровини и руда, меѓутоа зависна е од руски гас.

„Јас бев делегат на „Технометал Вардар“ во Полска четири години, се вратив кон крајот на 80 те години, поминав една година во Скопје како директор на секторот хемија увоз – извоз и потоа заминав од „Ситко“ како делегат на Варшава. Потоа прејдов како диркетор на „Ситко“ во Виена, а кога „Стико“ веќе почна да се ниша јас си го формирав „Кометал“ и од 1991 функционирам како „Кометал Трејд“ и „Кометал ГНБХ“. Зад „Кометал“ има над 100 милиони тони железна руда, претежно купувана од Украина, Русија од овие краишта каде денеска се бомбардираат Добаск, Луганск, Доњецск, болно ми е многу тоа што се случува. Со тие луѓе јас сум ги поминал сите договори со Русија и Украина, пишувани ми се на руски јазик. Рускиот јазик беше официјален и во тоа време во Укрина, барем во регионот каде што јас работев“, сподели Костовски искуство.

„Украина е најголемата житница во Европа, па дури и во светот исто така Украина е високо индустријализирана земја во која има многу суровини на железна руда, хромна руда и има делумично јаглен. Меѓутоа енергетски Украина е зависна од Руската Федерација во 80% тој инсталиран капацитет на црна металургија, тука има околу 25 милиони тони челик“, вели Костовски.

Јулија Тимошенко поранешната претседателката на Украина, сега се бори но таа увезуваше најголеми количини на гас од Руската федерација и нејзини зборови се „не дај боже Јелцин да ни ја прекине доставата на гасот, Украина ќе колабира“.

Русија денеска е најголемиот трезор на суровинските бази на светско ниво, тоа никој не смее да го заборави. Европа не може да биде таа без руска поддршка логистика, енергенсот, тоа е гасот, нафтата, јагленот и тоа се оние ретки метали кои што денес се потребни во металургијата.

Тагови

Во етер
Наслов
Изведувач

Background