Внимавајте на сантиметрите: Ова е најопасната нуспојава од носењето високи потпетици!

Жените кои обувки со потпетица повисока од 10 сантиметри носат повеќе од три пати неделно значајно ја зголемуваат шансата за деформација на зглобовите.

Високите потпетици се едно од најженствените парчиња кое ја краси секоја фигура. Но, дали знаете дека високите потпетици можат да бидат многу опасни? Најновото истражување открило која нуспојава овој моден додаток ја повлекува со себе.

Носењето на високи потпетици бара пракса и колку што повеќе ги носите дотолку во нив ќе ви биде полесно да чекорите. Но, ова не се однесува и на вашето здравје. Имено, последното истражување спроведено на голем број жени објаснува дека со носењето на високи потпетици сè повеќе го загрозувате вашето здравје во постарата животна доба.

На самиот почеток носењето на високи потпетици ги јакнат мускулите на листовите и ножните зглобови, но станува збор само за многу краткотраен ефект. Имено, жените кои обувки со потпетица повисока од 10 сантиметри носат повеќе од три пати неделно значајно ја зголемуваат шансата за деформација на сите зглобни мускули.

Таквите негативни промени на мускулите доведуваат до бројни хронiчни болести како воспаление на зглобовите или артритис. Исто така, ефектот се одразува и на вашата карлица.

Но, доколку сакате и понатаму да уживате во високите потпетици постои трајно решение кое се крие во вежбите за јакнење на мсукулите и зглобовите.

Со редовни вежби за колена, листови (потколеници) и зглобови вашите нозе ќе изгледаат поубаво, но и ќе останат здрави и убави и во постарата животна доба.

Превземено од: Плусинфо


Во етер
Наслов
Изведувач

Background