Втор ден „Вино викенд“: Момент за вино во Радио Кафе Штип (Галерија)

Намалување на ризикот од остеопороза кај жените, намалување на ризикот од дијабетес тип 2, но и на ризикот од појава на деменција – ова се само дел од бројните придобивки кои кои ги нуди виното. Во комбинација со одлична храна и музика, „пијалокот на Боговите“ создава моменти за паметење. Радио Кафе Канал 77 е мостот кој деновиве ве води до такви моменти, во рамките на манифестацијата која за првпат се случува во источна Македонија – Вино Викенд 2017!

На овој настан кој почна вчера, а завршува утре, влезот е бесплатен за сите посетители. Ако за забавата вчера беа задолжени Еквинокс, Д бек дор бенд и Ике де Кока, денеска за тоа ќе се погрижат Блу Бенд, Филип Стевановски бенд и Дани Димитровска. В недела пак, програмата ќе ја зачинат Но енд, Брас брадерс, како и Бени Нон стоп.

Како изгледаше дел од атмосферата, погледнете во продолжение:


Во етер
Наслов
Изведувач

Background