„Дедо Мраз, сакам нешто да ти кажам“: Втора година по ред, подароци во рацете на најмалите

Најмалите слушатели на Канал 77 и оваа година добија вредни подароци за својата креативност. Откако втора година по ред, тие му ги кажаа своите желби на Дедо Мраз, тој ги посети во нивните домови изненадувајќи ги со прекрасни играчки, пакети млечни производи, хулахопки и така натаму.

Патувањето по влажните коловози за време на врнежи од снег, ја однесе екипата на Канал 77 во домовите на десетици семејства ширум Македонија, за да измами насмевка на убавите лица на дечињата, кои биле послушни во текот на претходната година.

Овие активности и изненадувања беа дел од проектот „Дедо Мраз, сакам нешто да ти кажам“, кој за првпат беше реализиран во јануари 2016 година. Претходно, во текот на декември, децата до Дедо Мразот на Канал 77 испраќаа свои цртежи и песнички, па на лист харија ги преточуваа своите мисли и желби.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background