Задолжителното сексуално образование, значи дека можноста за промена на полот ќе им се сервира на децата во учебниците – Отец Јаков Стобиски за спорните предлог закони

МПЦ нема ништо против сексуалното образование, но тоа да се темели на наука, на биологија, на нешто што лабораториски може да се докаже, а тоа е дека мажот е маж, жената е жена и тоа се базира на биолошка реалност, нагласи денес при своето гостување на Стадион, Отец Јаков Стобиски, посочувајќи на тоа кои се подлабоки прашања ги отвара донесувањето на двата спорни закони, за родова еднаквост и за матична евиденција.

  • Воведување на задолжително сексуално образование и родово сензитивното образование од законот за родова еднаквост, ќе ги турка децата, ќе ги индоктринира кон можноста за промена на полот, тоа е нешто што ќе се сервира на децата во училиштата, ако не сакаш да бидеш машко можеш да бидеш девојче, вели Отец Јаков Стобиски.

Тој додава дека колку и да се наметнува реториката на политичарите дека станува збор за два сосема различни и засебни закони сепак тие неминовно одат рака под рака, со самото тоа што се однесуваат на еден ист проблем, проблемот со родовата определба.

Според него осудата на вчерашниот сенароден протест е целосно бесмислена, затоа што протестот само го изрази незадоволството на широките народни маси, зашто како што вели самиот не може да дозволиме да ни се случи остварување на правата на една мала група на сметка на целата заедница.

  • Не мора за се да се согласуваме оти општество во кое што сите негуваме еден менталитет и еден ум знаеме сите дека не е здраво, сме го виделе од различна историска перспектива дека не донело ништо добро на човештвото, така што ако има разногласие тоа е добро и за демократијата и за прогресот. Ако она што се случуваше на вчерашниот протест на некои им е најмрачното, најстрашното тогаш навистина нека не се мачат нека го напуштат ова општество, вели Отец Јаков.

И покрај тоа што не даваме легитимитет на сексуалната ориентација која отстапува од нормата, ние сме свесни за постоењето на трансродовите лица, за лицата со поинаква сексуална ориентација, вели Отец Јаков, додавајќи дека тоа не му дава за право на никого на едноставен начин само со изјава кај нотар и промена на полот во документите за матична евиденција преку ноќ да го направи тоа, а овој закон ја нуди токму таквата можност.

  • Законот за матична евиденција е експериментален проект, постои само уште во држави. Не сте свесни какви се филтри, прегледи и стручни мислења треба да се помине за да се промени ознаката за пол, но овој закон нуди можност единствено врз основа на изјава на нотар и врз основа на внатрешни субјективни чувства системот да ви ја промени ознаката за пол, истакнува Јаков Стобиски.

Новиот предлог закон за матична евиденција буквално ја убива компетенцијата, имаме реалност која наликува на хорор филм, посочува Отец Стобиски.

Целосното гостување проследете го на линкот подолу:


Во етер
Наслов
Изведувач

Background