Како да го спречите стареењето?

Истражувачите од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, Факултетот за медицина велат дека постарите жени кои седат повеќе од 10 часа на ден, со слаба физичка активност имаат клетки кои се биолошки постари за осум години, во споредба со жените кои се поактивни.

Во студијата, објавена во списанието American Journal of Epidemiology, се вели дека постарите жени со помалку од 40 минутна умерена дневна физичка активност, и оние кои поминуваат повеќе од 10 часа во седечка позиција имаат пократки теломери, кој функционираат како капачиња на краевите на ДНК та, како пластиката на краевите од врвците на вашите чевли, која спречува нивно разресување и прогресивно отпаѓање.

Со стареење, клетките кај човекот се делат, и на секое делење отпаѓа по малку од теломерот, а за тоа исто така можат да придонесат дебелината и пушењето. Скратените теломери се поврзани со кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.

Д-р. Аладин Шадиаб, автор на студијата од Катедрата за семејна медицина и јавно здравство во Сан Диего, и неговиот истражувачки тим, веруваат дека се првите кои објективно измериле како комбинацијата од седењето и нередовно вежбање можат да влијаат врз стареењето.

Речиси 1.500 жени на возраст од 64 до 95, учествувале во студијата. Учесниците, додека пополнувале прашалници носеле акцелерометар на десната страна на колковите во текот на седум дена по 24 часа, со цел да се тракираат нивните движења.

“Откривме дека жените кои седеа повеќе немаа пократка должина теломерите, бидејќи во овој случај вежбаа барем 30 минути на ден. Придобивките од вежбањето се огромни, луѓето треба да стекнат навика за вежбање додека сеуште се млади, и да продолжат дури и во поодминати години, па дури и по 80 години доколку се во можност,” вели Шадиаб.

Текстот е превземан од ДУМА.мк


Во етер
Наслов
Изведувач

Background