Канал 77 одсега достапен и на ТоталТВ и на Нет ТВ Плус

Почитувани слушатели и посетители,

Би сакале да Ве информираме дека Радио Канал 77 следејки ги новите технолигии и иновации во радио и ТВ комуникациите, започнувајки од 01.08.2016 година за своите слушатели е достапен на Тотал ТВ сателитската платформа и дигиталната IP телевизија Нет ТВ Плус.

Радио Канал 77 на Тотал ТВ можат да го слушат сите корисници во Европа, Блискиот Исток и дел од Северна Африка. Сателитската платформа Тотал ТВ ја користат повеќе од 700.000 корисници а Радио Канал 77 е поставен на каналот 305.

Радио Канал 77 е единствено македонско радио кое е достапно на сателит.

Радио Канал 77 е достапен и преку дигиталната IP телевизија Нет ТВ Плус, кој ги покрива сите континети. Радио Канал 77 можете да го слушате во Македонија на позиција 1-ва, и со интернационалниот пакет на позиција 450-та, а во бившите Југословенски републики, во Србија, Црна Гора и Хрватска на позиција 350-та, во Словенија на позиција 400-та и во Босна на позиција 300-та.

 

Почитувани,

Наша заложба е, нашите слушатели и клиенти низ целиот свет, преку новиот радиски формат-Urban Hot АC да бидат навремено информирани со различни програмски сегменти и содржини, а забавувани со многу подинамична говорна и музичка содржина.

Наша цел е преку користење на нови платформи да се доближиме до нашите слушатели кој сакаме да бидат и наши гледачи. Првично започнавме со видео стриминг на нашата долгогодишната емисија СТАДИОН.

Од 27.04.2016 година ТРД Радио Канал 77 започна со нов проект наречен – Радиовизија, мултимедијална платформа, а во склоп на овој проект се емитува емисијата Ноќен експрес, ноќно радио talk show, со сатирично, хумористична содржина, со целосно насочен поглед кон општествено-политичките настани.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background