Колку може да заштедите ако не купите ништо цела година?

Колку може да се заштеди во текот на годината, ако се има нула буџет за луксузи? Ова е прашање  на кое многумина понекогаш можеби посакале да добијат одговор.

Во последно време се зголемува бројот на луѓе кои „опиени“ од конзумеризмот трошат повеќе отколку што можат да си дозволат и тоа за генерално непотребни нешта. Новинарката со специјалност – лични финансии, Мишел Мег Гаг, се потрудила да го даде одговорот од нејзин аспект.

Што навистина ви треба?

На прва, можеби ќе изгледа невозможно да се преживее без она на кое сте редовно навикнати да трошите пари, но вториот поглед ќе открие дека можеби и тие нешта не се баш толку потребни.

Овде се вклучени скапата облека која можеби не ја носите редовно, кафе купено во кафуле, а испиено до половина, членарина во теретана која баш и не ја користите…

 

Предизвикот „Не купувај ништо“

Токму овде се отвора прашањето – Колку мож е да се заштеди ако не се купи ништо цела година, освен она есенцијалното? Тука влегува храната, средства за основна хигиена на телото и домот, осигурувањето, хипотеката, ратата за кредит или кирија, сметки за мобилен телефон и слично.

Во примерот на Мишел, ова значело дека нема одење во кино, нема излегување во пабови, нема порачки на храна од ресторан, нема купување нова облека, нема одење на одмор, нема членарина во теретана и нема купување на слатки задоволства од супермаркет.

Освен тоа, се одлучила да не дозволува сопругот или пак роднините и пријателите да ја почестат пијалак или што било друго од она за кое решила да се откаже првично.

Со буџет од 0 денари, велосипедот и станал единствено превозно средство. Со сопругот се договорила дека седмичниот буџет за купување на основни намирници ќе биде 44 долари за сите оброци.

Почнала со предизвикот на 26. ноември, 2015. Набрзо сфатила дека ќе треба да се збогува со социјалниот живот во онаа форма во која го имала претходно.

 

Нови навики на трошење =  Нов животен стил

Наместо да се обидува да го живее стариот живот со новиот буџет, таа открила дека треба да најде поинаква форма на социјализација.

Почнала да ги менува своите рутини, почесто пешачела, возела велосипед и пливала.

Почнала почесто да оди на пикник во парк кога времето е сончево, со храна која е подготвена дома.

Бидејќи според планот, не можела да си дозволи летен одмор кој вклучува букирање на лет и хотел, таа и нејзиниот сопруг ги закачиле своите вреќи за спиење и шаторот за велосипедите и уживале во посебна авантура на велосипеди, крај море. Поради ова искуство, таа се вљубила во природата уште повеќе.

 

Вредело ли?

Нејзиниот предизвик завршил на 26. ноември 2016-та година. Тогаш сфатила дека потрошила вкупно 28 446 33 долари помалку од претходната година.

Наградата не е само финансиска. Ова искуство и помогнало на Мишел да најде баланс и да ги освести своите вистински приоритети.

Еден од најголемите бенефити е тоа што благодарение на ваквиот предизвик, таа и сопругот се зближиле уште повеќе.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background