Колку реално треба да биде чиста кожата?

Некаде помеѓу миење и „стругање“, тоа е вистинскиот одговор! Ви ги претставуваме најдобрите методи за отстранување на нечистотиите од лицето.

Масна кожа

Ги знаете оние гелови за чистење на кожата што создаваат пена? Тие се совршени за вашиот тип кожа. Таа пена овозможува поголема покриеност на кожата и отстранување на себумот и на другите нечистотии. Експертите сепак предупредуваат да не се користат премногу агресивни средства и кожата да не се мие повеќе од трипати дневно.

Сува кожа

Жените со овој тип кожа обично чувствуваат нејзино затегнување по миењето. Препарати што содржат стеарична, никотинска киселина или ниацинамид помагаат во обновување на бариерата на кожата, која овозможува задржување на влагата. Мијте се најмногу двапати дневно и употребувајте хидратантен крем.

lice 2Акни

Жените со проблематична кожа (акни, митесери) можат да се мијат со примена на соодветни средства, трипати на ден. Дерматолозите тврдат дека за нега на овој тип кожа најдобри се препарати што содржат салицилна киселина или бензоилпероксид. Овие материи дејствуваат како нежни ексфолијатори и го отстрануваат површинскиот слој мртви клетки од кожата.

Осетлива кожа

Бројот препарати што можат да се применат на осетлива кожа е многу ограничен, затоа што е склона на иритација и на црвенило. Затоа, најдобро е препаратот прво да го тестирате на мал дел од лицето, и тоа три дена во континуитет. Задолжително е нанесување хидратантен крем.

Комбинирана кожа

Доколку 20-тина минути по миењето сепак почувствувате дека кожата ви е повторно мрсна во одредени делови од лицето, а во други е затегната, тоа е знак дека имате комбиниран тип кожа. Употребувајте средство што содржи глицерин и состојки што создаваат пена.

Розацеа

За чистење осетлива кожа важни се два фактора: соодветни состојки на препаратот и температурата на водата. По втривање нежно средство за чистење, лицето треба да се измие со млака или со ладна вода. Екстремни температури – топла или многу ладна вода – предизвикуваат ширење на крвните садови, а со тоа и појава на црвенило.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background