Коските на Гоце Делчев треба да почиваат во Благоевград – став на неговиот внук Христо Христов

Страшна простотија е тврдењето дека Гоце Делчев оставил аманет неговите коски да почиваат во Македонија, бидејќи млад човек како него, не размислува за смрт, туку за живот. Вака размислува внукот од најмалиот брат на Гоце Делчев, Христо Христов во емисијата „Стадион“ на Канал 77, вели дека „некој со многу висока температура може да тврди дека оставал таков аманет“.

Според Христов, останките од Делчев треба да почиваат во местото каде живее неговото семејство, а тоа е Благоевград, Бугарија.

-Коските на Гоце Делчев во Скопје се пренесени во  1946 година. Сум слушнал дека оставил аманет, но тоа е страшна простотија! Кога млад човек ќе остави аманет?! Тоа е некој со многу висока температура да го измисли. Млад човек да каже: „Јас сакам да бидам погребан “?! Млад човек не мисли такви глупости. Никогаш не мислел такви глупости.“, рече Христов

„Но, тој бил револуционер, кој можел да загине во секој момент…“, му реплицира водителот.

-Точно но, тие луѓе се бореле за живот, тие не се бореле за смрт. Таа борба е била за живот, не за смрт. Некој мора да е многу болен тоа да го кажува, одговори Христов.

На прашањето каде тогаш треба да почива Делчев, неговиот внук одговори дека е тоа Благоевград, Бугарија.

-Таму каде е семејството Денес најголем дел од семејството е во Благоевград. Таму има споменик на Делчевиот род, мислам тоа е местото каде е најдобро за него  да почива. Да е поспокоен, да нема глупости како оваа година кога се случија страшни глупости. Тоа мислам јас, одговори Христо Христов во „Стадион“.

 

фото: Споменикот на Гоце Делчев во центарот на Благоевград

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background