Методи Хаџи Јанев ги прашува сите што ја оправдуваат руската инвазија: Дали треба и на Бугарија да и дозволиме воено да го реши спорот со Македонија

– Потегот кој го направи Путин со признавањето беше само чекор или рамка за инвазијата врз Украина – вели професорот Методи Хаџи Јанев, во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Не биле изненадени сите од нападот на Русија, бидејќи имало точно прецизирање  од разузнавачките агенции на САД и делумно на НАТО кои што укажувале на тоа дека  Путин е пред инвазија на Украина.Ова е дел од старата руска-советска школа и машинерија  на дезинформации  да истура бомби од лаги во кои има одредена вистина со цел да го спушти гардот на противникот.  Еднаш, двапати, петпати ќе ве излажат и седмиот пат  е вистина и токму потегот што го направи Путин со признавањето беше во таа насока за да веднаш потоа се случи инвазијата и агресијата.

– Доколку се гледаат анализите можеби има разлика со интензитетот и темпото со кои Русите  би напредувале, што укажува на нешто друго, што сега Путин или прави повторно некоја делузија,или пак има само ограничена цел како што наговестува, да инсталира само режимска влада која што него ќе му биде покорна.

– Ова можеби личи на блиц криг но не е тоа, они направија пенетрација со војска стационирана на граница.

Од сето тоа што гледаме, постои во првите денови одредена воздржаност во масовноста која што сака Путин да ја испорача во Украина. Бројките кажуваат нешто друго, меѓутоа и начинот на заземањето на клучните точки покажува дека многу лесно доаѓаат до заземање на тие точки.  Убаво е тоа што го слушаме дека се појавува жилавост кај населението во Украина, дај боже што полесно   да се консолидираат за да си ја одбранат територијата, но како ќе изгледа сега тоа понатака  е големо прашање – вели Хаџи Јанев.

Дали Путин сака да покаже на светот, да ја направи пак таа делузија, дека еве јас не сум агресор имам ограничена интервенција, дали ова е психолошка војна со украинското население кое директно го повика и очигледно ја скока и делигитимизира владата,  бидејќи тој тајното оружје го гледа внатре во проблемите кои веќе постоеја во водството на Украина.

– Населението во Украина не очекуваше и не веруваше, одеа да си купат леб, се шетаа кога беа првите инвазиски напади. Доцнеше мобилизацијата  иако месеци наназад имате трупање на руски сили кое не е вообичаено.

За руската војска очигледно тој проруски источен и јужен дел е веќе завршен  и целат кон запад, притискаат кон центарот ина Киев. Сега е прашањето во каква форма  ќе ја остават Украина. Ако хипотетички Путин ги оствари целите,  дали таа власт ќе остане како што е сега, што ќе правиме со западниот дел  кој е чисто украински, кон Лвов кој е класично антируски, тоа се прашања за кои ќе треба да оставиме времето да покаже – изјави професорот Хаџи Јанев.

На прашањето дали конечно антинатовците сфаќаат што значи членството во НАТО за Македонија  тој вели дека е легитимно и демократски да се подржува и оправдува Русија, но има и едно контра прашање – дали тоа значи дека ние треба да дозволиме Бугарија со воена сила да го решава спорот со Македонија  затоа што не предупредувала дека треба да смениме историја, јазик…И ако поголем дел од Украина сака со НATO и Америка,  зошто Путин не направил своја стратегија или доктрина па да ги натера Украинците да ја засакаат повеќе Русија, а не да бидат наклонети кон запад.

Хаџи Јанев се надева дека ова ќе заврши што побрзо со мировен договор како епилог.

– И САД и НАТО јасно рекоа дека нема воено да интервенираат во Украина,
најверојатно разумна воздржаност за да избегнат конфликт кој би бил Трета светска војна.

Но треба да почекаме да видиме што би значело барањето на Путин да се изгради влада со неутрален став, но тоа ќе значи целосна географска рекомпонираност во тој регион.

Ме плаши само до каде ќе се оди со употреба на воена сила и брутално уништување кон што може да посегне Путин ако се соочи со неуспех на своите цели – вели Хаџи Јанев.

Според него нападот на Украина дефинитивно Нато го направи појак, ќе се засили европскиот дел на алијансата, посериозно ќе ги сфатат заканите, постигнато е единство и во ЕУ и во НATO за поголема сигурност и гаранција  на членките со повеќе сили и техника,  особено на границите кон Русија.

Во секоја војна прва умира вистината, нагласува Хаџи Јанев.

– Напаѓаат критична инфаструкутара, но интернетот не го чепкаат, најверојатно за да шират пропаганда и да го придобијат населението во своја полза. Позната е руската манипулација и дезинформациите со интерентот.

Се воинизираат комерцијалните алгоритми, се користат навиките и интересите на граѓаните за да се креираат свои содржини за свои цели. Фрлете сто лаги доволно е две да ви успеат –  рече Јанев.

 

Тагови

Во етер
Наслов
Изведувач

Background