„Младите бунтовници“ наскоро на Netflix

Оние кои влегуваат во категорија „миленијалци“, сигурно се сеќаваат на „ребелде“ манијата која владееше на почетокот на 2000. година, благодарение на серијата „Млади бунтовници“.

Од декември, и новите генерации ќе може да ја погледнат серијата на платформата “Нетфликс“, додека миленијалците се потсетуваат  на своето детство.

Колку за потсетување, серијата се одвива околу 4 главни ликови во елитно средно училиште. Миа, Марица, Пабло и Мануел се различни еден од друг, но наоѓаат заеднички јазик преку музиката. Подоцна, основаат своја група и се соочуваат со проблемите кои ги имаат сите тинејџери.

„Нетфликс“ го најавуваат и филмот “4 caminos” или „4 патишта“ кој ги следи четворицата ликови по завршувањето на серијата.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background