Мрсната храна предизвикува замор

Истражувањето на американските научници од Медицинскиот колеџ на Пенсилванија ја докажа поврзаноста на конзумирањето мрсна храна со зголемената зачестеност на чуството на замор.

Резултатите од студијата се темелат на следење на 31 здрав испитаник со нормална тежина на возраст од 18 до 65 години.

Анализите покажале дека поголемото учество на мрсната храна во прехраната резултирало со поспаност во текот на денот и потешкотии во одржувањето на концентрацијата. Наспроти тоа, поголемиот внес на јагленохидрати доведува до полесно одржување на концентрацијата.

На резултатите не влијаеле годините на старост, полот, индексот на телесната маса, вкупното траење на сонот и вкупниот внес на калории.

Претходни истражувања веќе потврдија дека големото количество на масти во исханата претставува поголем ризик за заболување од болести на срцето и некои форми на рак.

Извор: Макфакс


Во етер
Наслов
Изведувач

Background