На гласачи на партии им е дозволено да не плаќаат струја во цели региони за партиите да останат на власт – Ненов во „Стадион“

Цели региони, не само цели општини не плаќаат за струја. Тоа им е дозволено како гласачи на одредена партија, која на тој начин останува на власт. Тоа е договорено на политичко ниво за да останат на власт. Тоа е политичка корупција, која сите ние останати ја плаќаме преку повисоката цена на No suggestion мрежарина е за 1,5 пати по киловат повисока од цената за киловат час струја! Ова во емисијата „Стадион“ го кажа Марјан Ненов, од организацијата „Но пасаран“, која започна со иницијатива за оспорување на сите неправилности врзани со пресметката на цената на струјата.
-Арачиново не е изолиран случај. Има и други делови од државата кои не плаќаат и ова се става под тепих. А мини ниво вакво нешто се случуваше во ГТЦ во скопје со копањето на крипто валути а за тоа плаќаа сите дуќанџии. Ова е нешто слично, само на ниво на држава. Цели региони не плаќаат. Има цели општини кои не плаќаат данок и тоа им се дозволува, затоа што партијата треба да останат на власт. Има дуќани кои немаат фискални апарати, со таа нелојална конкуренција се уништуваат бизниси. Тоа се дозволува на политичко ниво. Има дискриминација на база на тој кој плаќа а кој не, изјави Ненов во „Стадион“.
Според ваквата кражба е одамна „легализирана“ преку дозволата на гласа на одредени политички партии да не плаќаат струја. Тоа што се краде се вкалкулира во сметките на сите останати кои плаќаме во нашите сметки и се внесуваат како оправдани трошоци кои ги регулира РКЕ на компанијата ЕВН,а во кои ние плаќаме дел од струјата кои тие привилегирани не плаќаат.
-Мрежарината во земјите во регионот е неколку пати поевтина од таа кај нас. Мрежарината е начин да се приберат пари со кои се надоместуваат загубите од неплаќачите. Целата оваа работа е матна. Ние плаќаме 1,5 пати поскапа мрежарина по киловат од самиот киловат. Ова е матно. Ова сето треба да се расчисти, смета Ненов.
Тој најави иницијатива, која на крај треба да резултира со тужби или директни преговори со ЕВН и РКЕ. Како што вели Ненов, оваа иницијатива е стриктно против самоволието на ЕВН и однесувањето на РКЕ.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background