Не е добро да се јаде лубеница навечер

Веројатно за многумина лубеницата важи за омилено овошје во текот на летниот период, но не сите внимаваат на времето во кое ја јадат. Доколку сте од оние кои претежно навечер конзумираат лубеница, имајте на ум дека би можеле да се соочите со непријатности.

Јадењето на лубеница навечер може да предизвика многу лошо варење кое би можело да ве држи будни во текот на ноќта. Можно е последиците од лошото варење да ги чувствувате и во текот на утрешниот ден. Освен тоа, не треба да се занемари ниту нејзиното диуретичко дејство, така што веројатно почесто би го посетувале тоалетот во текот на ноќта.

Ако пак ја конзумирате во текот на денот, тогаш поинаку стојат нештата. Дури и ако сте на режим на исхрана кој дозволува овошје како меѓуоброк, можете да се опуштите со лубеницата бидејќи количината парчиња од ова овошје кои може да се сместат во четири шолји содржи вкупно 184 калории. Па така освен што ќе ве освежи, но и на овој начин нема да ја надминете бројката од 200 калории која многу диети ја препорачуваат како горна граница на тема меѓуоброк.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background