Програма

Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и е прво приватно национално радио во Република Македонија. Од 5-ти јануари 2015 година Радио Канал 77 има обновена девет годишна Лиценца-Дозвола за радио емитување.

Форматот на Радио Канал 77 е говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат. Радио Канал 77 од понеделник до петок од 07.00 до 20.30 часот на секој 30 минути емитува 2.5 минутни вести.

Вестите што се еемитуваат на Канал 77 се продуцирани од Македонски Медиа Сервис. На почетокот од часот се емитуваат локални вести, главно добиени од дописниците од цела Македонија додека вестите на половина час се од национален или светски карактер.

Радио Канал 77 освен вести, секоја Сабота од 10 до 12 часот ја емитува емисијата Стадион. Исто така секој сабота од 12:10 минути ја емитува емисијата Неделен Бриф во која се опфатени најзначајните настани и инфромации од Општините во Македонија



Во етер
Наслов
Изведувач

Background