Се’ за храна: Младиот кромид е пролетен сојузник на здравјето

Редовната консумација на овошје и зеленчук, како и физичката активност се основа за добро здравје. А секако предност треба да се даде на сезонскиот зеленчук и овошје. Со доаѓањето на пролетта, се буди природата, а на пазарите се зголемува изборот на свежа храна, која секогаш е добредојдена на трпезата. А со пролетта, ни доаѓа и младиот кромид, кој е вкусен, но и моќен сојузник на здравјето.

Младиот кромид е вистинска витаминска бомба која го чува организмот од разни заболувања и го подобрува целокупното здравје. Без разлика дали го консумирате свеж или како додаток во готвени јадења, тој го обезбедува организмот не само со витамини, туку со минерали и фитонутриенти. Поради тие причини младиот кромид се смета за една од најздравите намирници. Па, искористете ја сезоната и вклучете го во секојдневна исхрана и почувствувајте ги неговите благодати.

Младиот кромид се одгледувал во кинеските градини уште пред 5000 години. Древните Египќани сметале дека главицата на младиот кромид го симболизира целиот Универзум. И сосема биле во право, ако ги земеме во предвид неговите придобивки врз здравјето. Доколку сакате да дознаете за што сѐ е корисен, прочитајте во продолжение само мал дел од придобивките од неговата редовна консумација.

Младиот кромид е богат извор на витамините К и Ц кои се значајни за здрави коски

Само едно стебленце млад кромид содржи околу 20 микрограми витамин К, со што се задоволуваат 22% од дневните препорачани дози за овој витамин кај женската популација и 16% кај припадниците од машки пол. Исто така, тој е значителен извор и на витамин Ц (1.6 мг).

Овие два витамини се од исклучителна важност за правилен раст, развој и јачина на коските. Доколку во организмот има недостаток на овие витамини, во подолг временски рок се зголемува можноста за развој на остеопороза и кршливост на коските.

Содржи витамин А и го штити здравјето на очите

На телото му е неопходен витаминот А, за да може да го произведи протеинот кој им овозможува на рецепторните мрежички да ја впијат светлоста. Недостатокот на витаминот А може да доведе до ноќно слепило и други пореметувања на видот. Стебленцата од млад кромид содржат 24 микрограми витамин А во облик на провитамин А, кој во организмот се претвора во ретинол, активен облик на овој витамин. Оваа количина задоволува околу 3-4% од дневните потреби за овој витамин кај жените и 2,6% кај мажите.

Благодарение на витамините кои ги содржи, го чува здравјето на срцето

Витамините А и Ц, со кои изобилува младиот кромид, поседуваат силни антиоксидансни својства. Тоа значи дека овие витамини може да го спречат оштетувањето на ткивата, кои ги предизвикуваат штетните слободни радикали. Исхраната која е богата со антиоксиданси, како што се овошјето и зеленчукот, се поврзува со намален ризик од срцеви заболувања. Витаминот Ц, исто така може да помогне во намалувањето на високиот крвен притисок,а истовремено со тоа и да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Младиот кромид изобилува со антиоксиданси

Некои истражувања покажаа дека младиот кромид е богат извор на фитонутриенти, особено флавоноиди, како што се кверцетин и антоцијани. Овие антиоксиданси го подобруваат имунитетот. Покрај тоа го спречуват и настанувањето на карцином, така што го елиминираат ензимот ксантин-оксидаза, кој учествува во зголемувањето на слободните радикали во организмот.

Ви препорачуваме да прочитат: Млад кромид – поволен за видот, коските, крвниот шеќер.

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background