Се’ за храна: Спанаќ против карцином и срцеви заболувања

Уште како мали можевме да забележиме дека спанаќот е многу здрава храна која дава сила и енергија, гледајќи ги цртаните со Попај. А науката потврдува дека треба да се јаде спанаќ против карцином и срцеви заболувања. Па, еве што велат најновите истражувања за оваа здрава храна.

Спанаќ против карцином

Студиите покажуваат дека консумацијата за зелени лиснати зеленчуци како што се спанаќот, брокулата, карфиолот, зелката, прокељот, блитвата и кељот може да значително да го заштитаторганизмот од различни типови на карцином. Ова дејство е изразено при превенција на карциномна цревата, градите и простата.

Спанаќот поседува способност да го забави формирањето на канцерогените клетки затоа што ја штити ДНА од оштетувања и го намалува оксидативниот стрес, благодарение на антиоксидансите кои ги содржи како што се неоксантин и виолаксантин.

Согласно студиите, каротеноидите кои ги содржи спанаќот ги штитат клетките од мутации кои се еден од факторите за раст на канцерогените клетки. Покрај тоа, спанаќот е добар извор на хлоропласти и хлорофил. Истражувањата покажале дека како резултат на хранливите состојки кои ги содржи, спанаќот го штити организмот од појава на карцином, со тоа што ги отстранува канцерогените супстанции од телото, го прочистува организмот од токсините, го намалува воспалението и го забавува оштетувањето од слободните радикали.

Може да ве интересира и: Спанаќ – вкусна храна достапна за секое семејство.

Спанаќот го штити срцето и крвните садови

Погоре споменавме дека спанаќот го намалува воспалението во телото, а тоа е еден од главните фактори кои се поврзани со развој на срцевите заболувања. Истражувањата покажале дека спанаќот може да го заштити срцето со подобрување на функцијата на азотната киселина, која пак е значајна за правилна циркулација, го регулира крвниот притисок и го одржува здравјето на крвните садови. Спанаќот содржи два антиоксиданси познати како неоксантин и виолаксантин за кои е утврдено дека се екстремно корисни во намалување на воспалителните процеси во телото. А спанаќот е еден од најдобрите извори кои ги содржи овие специфични и значајни антиоксиданси.

Доколку спанаќот е вклучен во исхраната може да помогне за намалување на проблемите со крвните садови како што е артериосклерозата и високиот крвен притисок. Дел од состојките кои ги содржи помагаат за да се одржат крвните садови чисти, без да се таложат масни наслаги, да се намали холестеролот и високиот крвен притисок, да се подобри циркулацијата и да се одржат здрави, и силни крвни садови.

Дополнително, растителните влакна кои ги содржи помагаат да се намали високото ниво на холестерол и да се забави апсорпцијата на гликозата во крвта. На овој начин, значително се намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Ви предлагаме да прочитате: 17 избрани рецепти со спанаќ.

Превземано од sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background