Се’ за храна: 5 зимски зеленчуци кои го чуваат вашето здравје

И во ладните денови треба да пазиме на режимот на исхрана. Покачениот број на килограми, зголемениот холестерол, триглицериди не се во прилог на здравјето. Затоа и во текот на ладните денови, често консумирајте зимски зеленчуци кои се лесно достапни и го чуваат вашето здравје.

Мораме да признаеме дека во текот на зимскиот период, ретко кога приготвуваме зеленчук, затоа што и со празниците често се приготвува мрсна и калорична храна. Без разлика на тоа, никако немојте да ги занемарите овие 5 зеленчуци кои го чуваат вашето здравје во ладните денови.

 

Цвекло

Цвеклото може да се нарече супер намирница која често ја занемаруваме во исхраната, а е прва помош при анемија. Цвеклото го намалува покачениот крвен притисок, ја зголемува издржливоста на тренинг и го намалува воспалението. Содржи фитонутриенти кои му ја даваат виолетовата боја, а за нив се знае дека имаат моќни антиканцерогени својства.  Немојте да го јадете само како зимница, печете го во рерна, рендајте го и додавајте го во салати.

Моркови

Морковите изобилуваат со бета каротен, кој е моќен борец против слободните радикали. Бета каротенот има антиканцерогени својства, го спречува оштетувањето на клетките и штити од предвремено стареење. Морковот е одличен извор на пектин, кој влијае за намалување на апетитот за месо и мрсна храна. Богат е со фолна киселина која е важна за производството на хормони кои го помагаат слабеењето.

Ѓумбир

Во зимскиот период, редовно користете ѓумбир. Тој е еден од најдобрите природни лекови за намалување на болките. Илјадници години во регионот на Азија, ѓумбирот се користи како природен лек за настинки и грип. Неговата лековитост е потврдена и од Одделот за медицина при Универзитетот во Мериланд, кои препорачуваат да се пие чај од ѓумбир за лекување на настинка и грип кај возрасните.

Келераба

Келерабата често е запоставена на нашите трепези, а тоа воопшто е фер. Таа е богата со растителни влакна, витамин Ц и Б6. Одлично се вклопува во супи, чорби, а може да ја послужите и грицки. Покрај тоа, може да ја исечете на коцки, да ја посолите, премачкате со маслиново масло и ја печете во рерна.

Сладок компир

Слаткиот компир треба да го вклучите во исхраната, а зимата е совршено годишно време за тоа. Богат е со бета каротен, калиум, железо и магнезиум. Помага за одржување на енергијата на добро ниво, исто така го поддржува создавањето на белите крвни зрнца и го подобрува имунитетот. Бататот користите исто како и компирот, во чорби и гулаш, а може и да го печете во рерна.

Превземано од sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background