Со официјална презентација на Youtube, Apple ги отвора вратите за сите љубопитни

Она што подолго време беше затворено на платформите Apple, во форма на официјално пренесување на презентации, денеска ќе биде на чекор од сите љубопитни.

Атмосферата ја загреваат очекувањата дека на овој настан ќе се случи презентацијата на следната генерација на iPhone, иако засега ова не е официјално потврдено.

Се шушка дека токму на овој настан ќе можеме да ги видиме наследниците на iPhone XR, XS и XS Max.

Во фокусот веројатно ќе биде и новиот Apple Watch, кој во моментов важи за еден од најпопуларните часовници, но и фитнес додатоци. Со оглед на тоа што нема најави за евентуално додавање на нови функционалности на часовникот, љубителите на Apple Watch очекуваат да видат на кој начин команијата ќе се потруди да ги убеди да ја купат новата верзија.

Доколку сакате да ја следите презентацијата, тоа можете да го сторите тука:


Во етер
Наслов
Изведувач

Background