Сѐ за храна: Здравото семе од грозје е најјак антиоксиданс и чувар на срцето

При користењето на грозјето во исхраната, важно е да знаеме дека здравото семе од грозјето не треба да се фрла, туку треба да се јаде и да се користат придобивките од него кои ги чуваат виталните органи и го штитат нашето целокупно здравје.

Грозјето и црвеното вино се сметаат за одговорни за познатиот „француски парадокс“ кој укажува на мал процент на инфаркти во Франција и покрај високиот внес на заситени масти преку исхраната (свинско и говедско месо). За разлика од нив, Германците кои претежно консумираат пиво, а се хранат на сличен начин, не се заштитени од непосакувани срцеви компликации. Ова се објаснува со редовната консумација на црвено вино кое е богато со полифеноли, флавоноиди, проантоцијани, а доколку сакате да знаете повеќе детали за неговата користкликнете тука.

Како помага семето од грозје?

Семето од грозје содржи материи кои ги штитат крвните садови од оштетување, ги зајакнуваат капиларите, спречуваат оксидација на мастите и инфаркт на срцевиот мускул. Исто така, помагаат за стабилизирање на венските крвни садови и го намалуваат ризикот од проширени вени. Здравото семе од грозјето ги намалуваартериските плакови – наталожените масти по ѕидовите на крвните садови ипридонесува за „отпушување“ на крвните садови. Го намалува ризикот од оштетување на очните структури, како и можноста за развој на макуларна дегенерација и катаракта. Режимите на исхрана со грозје се препорачуваат и користат за детоксикација (прочистување) на целиот организам.

Здравото семе од грозје е природен лек со широк спектар

  • Како силен антиоксиданс, за спречување на оштетувања на клетките поради дејството на слободните радикали, зрачење и хемикалии.
  • Спречува атеросклероза или таложење на масти во внатрешноста на крвните садови, што го отежнува протокот на крв (прочитајте тука кои 5 намирници помагаат против атеросклероза )
  • Спречува оксидација на мастите, посебно на LDL – лошиот холестерол
  • Намалува можност за настанување на инфаркт (прочитајте тука која исхрана помага за спречување на срцев удар)
  • Ги стабилизира ослабените крвни садови при проширени вени, намалува отоци и воспаленија
  • Го штити здравјето на очите и го подобрува ноќниот вид
  • Помага за контрола на дијабетес и спречува компликации
  • Го одржува нормално нивото на крвниот притисок
  • Ја подобрува флексибилноста на зглобовите, артериите и ткивата
  • Овозможува подобра цврстина на коските и го штити колагенот и еластинот на кожата, со што се забавува стареењето
  • Подобрува когнитивна функција на мозокот и го штити од оксидативен стрес
  • Помага во одржувањето на оралната хигиена
  • Олеснува потешкотии при хемороиди.

Превземано од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background