„Шафран“ ја создаде „Дафино“

Новиот електро состав „Шафран“ ја издаде нова песна со наслов “Дафино” која е комбинација од модерен призвук со електронски етно звук.

На музиката се потпишува Тони Стевковски, а на текстот, Кирил Трајковски. Ова е трета песна на Шафран, а наскоро се очекува промоција на новите, до комплетирање на првиот албум.

Видеото е во режија на Исток Чаповски, а продукцијата е на Марјан Тасевски. Главната улога во спотот ја толкува Росица Кулакова, а Христина Пецовска е вокал.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background