Анорексијата може да се лечи со длабока стимулација на мозокот
Едно истражување во кое учествувале 16 лица покажало дека длабоката стимулација на мозокот со електроди може да им помогне на болните од анорексија.
Ваква терапија би им помогнала на овие лица да се изборат со анорексијата и да го повратат апетитот.
Неколку месеци од почетокот на истражувањето, подобрените психолошки симптоми влијаеле на тежината на учесниците со зголемување на индексот на телесната маса кој пораснал за 3,5 проценти за времетраењето на студијата.
Анорексијата претставува сериозно нарушување во исхраната од кое страдаат 0,5 проценти од луѓето во светот, од кои мнозинството се тинејџерки. Овие пациенти постојано се грижат за својата телесна тежина и се изгладнуваат за да одржат мала тежина. Хроничната анорексија може да биде фатална, а во многу случаи предизвикува сериозни здравствени проблеми, вклучително и слаби коски и мускули, сексуални проблеми, неплодност и срцеви проблеми.
Резултатире од научниците кои го воделе истражувањето укажуваат дека длабоката стимулација на мозокот – каде електродите за стимулирање на мозокот се носат во подрачјето кое го контролира нефункционалното однесување, може да ги измени мозочните импулси кои ја поттикнуваат анорексијата.
Се покажала намалена активност во таламусот, во малиот мозок и во други области од мозокот, а зголемена активност во периферните кортикални области кои се поврзани со сцијалната перцепција и однесување.
Длабоката стимулација на мозокот веќе се користи за Паркинсоновата болест и докажано е дека може да биде многу ефикасна во намалување на симптомите.
Извор: еНаука