Атлетичарка препорачува да избегнувате салата пред и по вежбање

Оброкот пред тренингот одредува колку енергија и масти ќе потрошите потоа. Оброкот по вежбањето е исто толку значаен, заради враќањето на изгубената енергија. Атлетичарката, Ники Волтерс препорачува лесна храна или пак, воопшто да не се јаде неколку часа пред тренингот. Според неа, треба да избегнувате јадење салата, како пред, така и по вежбањето.

– Напорите, трошењето и насочувањето енергија при тренингот, е тешко, кога треба и да ја сварите храната која штотуку сте ја внеле, нагласува таа.

За по вежбањето се препорачува лесен оброк и избегнување на хамбургерите и пржените јајца. Нејзиниот колега, фитнес тренерот Брендон Ментор се сложува со тоа, но не препорачува целосно отфрлање на зеленчукот, туку смета дека е во ред да се конзумира зеленчук со поголема концентрација на прехранбени влакна.

– За храната со прехранбени влакна е потребно повеќе време да се свари, во тоа се вклучени повеќе органи, а тоа пак, ги намалува како конценрацијата, така и квалитетот и ефектите од вежбањето. Но тоа не треба и целосно да се исфрли од исхраната, смета тој.

Натаму Ментор вели дека сличен е и случајот со овошјето. Препорачува јаболка, праски.

 

Извор: МИА


Во етер
Наслов
Изведувач

Background