Болест на денешницата – Фобија од друштво
Друштвената вознемиреност или фобија е психолошко пореметување кое доведува до екстремна количина на вознемиреност во секојдневни ситуации.
Доведува до непријатни ситуации, разговори и сл. во зависност од личноста. Друштвената фобија е резултат на стравот како ќе ве гледаат другите, што ќе речат за вас, дали можеби ќе се посрамотите.
Некои симптоми на оваа фобија се:
– силно потење;
– црвенило;
– забрзано чукање на срцето;
– трема;
– потреба да се врати дома.
Лечењето се темели на разговори со лекар-психијатар, но личноста може и сама да си помогне:
– со разбирање на состојбата и читање литература;
– редовно вежбање;
– квалитетен сон;
– врамнотежена исхрана;
– избегнување кофеин и алкохол;
– опуштање;
– избегнување негативни мисли, опкружување со позитивни луѓе.