Бучковски: Новите протоколи не се „кукавичко јајце“, новиот Европски договор ги штити нашите интереси
Моето мислење го кажав уште дента кога го видов првичниот предлог од Франција, мислев и тогаш дека тоа е добра основа за да се најде компромис со Бугарија. Во меѓувреме и бугарскиот Парламент создаде предуслови за кревање на ветото, изјави поранешниот премиер и 14 месеци олеснувач во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски при денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Тој смета дека во договорот така како што е напишан ниту во оној фамозен чл 12, кадешто на годишно ниво треба да има меѓувладини конференции на коишто треба да се направи преглед на тоа што е направено и што треба да се направи во иднина, не постои опасност некој да не асимилира или бугаризира.
„Може да изанализирате дали е кукавичко јајце тоа што го потпишале Димитров и Захариева. Погледнете сега што договарале Генчова и Османи. Ниту е кукавичко јајце, ниту треба Македонија, нашите граѓани да се плашат од тие прегледи. Нормално сега добиваме супер визор, уште 26 земји членки ќе погледнат во делот на прегледот, одиме ли напред во имплементацијата. Ние не треба да се плашиме од имплементацијата на договорот. Тоа е мое длабоко убедување дека оние коишто најмногу го напаѓаат Францускиот или Европскиот предлог за отпочнување на преговорите, вушност посредно го напаѓаат Договорот за пријателство и соработка и навестуваат дека би сакале статус-кво ситуација, да се нападне тој договор и ако може при промена на власта да се поништи а не дека Макеодонија нема фер-предлог. Не постои можност некој да не асимилира или бугаризира. Тоа е една навистина опасна теза која ја користи ВМРО-ДПМНЕ како единствено оправдување, зошто не треба да ги почне преговорите. Нека бидат уверени дека членовите на нашата комисија која е дел од заедничката комисија за историски-образовни прашања, докажаа во изминатите 4 години дека се луѓе со дигнитет, историчари кои имаат доволно искуство и ако се гледаат дел од драфтовите за дел од прашањата со кои сега се манипулира, никој никогаш нема да ја натера Македонија да ја промени својата историја,’ додава Бучковски.
„Во две фази ќе биде почетокот на преговорите. Отварањето ќе се случи уште идната недела ако се биде во ред, така што останува овде на домашен терен, во една посмирена атмосфера да се вратиме на оние принципи кои ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ, дека и за нив не е никаква трагедија ако се отвори уставот и ако влезат Бугарите во Преамбулата. Нема никаков проблем да во процесот кој следи да се постигне тој минимум консензус меѓу двете водечки македонски партии и конечно и ВМРО-ДПМНЕ во моменти од кои зависи иднината на Македонија, да биде на страната на нашите стратешки интереси,“ кажа Бучковски во денешното гостување во денешното издание на емисијата Стадиона на Канал 77