Васил Хаџиманов прогласен за најдобар џез пијанист

Џез и етно музичарот, Васил Хаџиманов ја доби наградата за најдобар џез пијанист на електричен клавир на традиционалното 41. доделувања на наградите Џез станици (Annual Jazz Station Awards). Неговиот бенд, пак, во категоријата за најдобар ја доби вторта награда во категоријата за најдобра џез група.

Хаџиманов оваа светска награда ја доби меѓу многу познари светски музичари, како што се  Рон Картер, Марк Копленд, Ренди Брекер и други.

Васил Хаџиманов бенд

Зад оваа манифестација стои запишано името на  Арналдо ДеСутеиро, кој е џез новинар, продуцент, историчар, предавач. Според веб страницата All Music Guide тој досега има продуцирано над 830 џез композиции.

Васил е син на легедарниот македонски пејач Зафир Хаџиманов, кој, пак, неодамна ја доби наградата „Гоцева мисла“. Тој е пресреќен за успехот на синот а тоаг сподели и на својот Фејсбук профил.

-„Васил Хаџиманов бенд“ веќе трета година е на светските џез топ листи, тројца члеови се меѓу првите десет најдобри во светот а Васил е прогласен за најдобар музичар на електро-клавир во светот, напиша тој потсетувајки ги новинарите.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background