(видео)Билјана Ивановска: Новиот софтвер за проверка на анкетните листови, во функција до крајот на јуни
Според првата антикорупционерака Билјана Ивановска во државата досега никој не е казнет за злоупотреба на службени возила за приватни цели иако има милион примери, особено за време на изборните процеси.
„ Ние изготвивме регистер за службени возила, ги има околу 2000 и секој може да пријави според тој регистар дека одредено службено возило се користи за приватни цели. На следната седница на ДКСК ќе излеземе со наодот за купување на службени возила од Службата за општи и заеднички работи на владата, каде што не е направена детална анализа, кој начин на купување е поцелоисходен.-Дали обичното купување или преку оперативен лизинг. Направена е анализа во пари, колкава е разликата меѓу едниот и другиот начин на купување,“ изјави Ивановска.
Во врска со тоа дали треба да се направи промена во методолоѓијата во пополнувањето на анкетните листови на функционерите, судии и обвинители, Ивановска вели дека ДКСК има подготвено нова содржина на анкетните листови, но тие ќе бидат во функција кога ќе заврши подготовката на софтверот.
„ Некаде кон крајот на месецов, софтверот ќе почне да се тестира. Тој ќе биде подетален и доколку не се пополни одредено поле, нема да се продолжи понатаму,“додава Ивановска.
Кога станува збор за соработката со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Ивановска вели дека по нејзина интервенција Владата била задолжена да достави регистар со сите ново избрани и именувани функционери, нешто што законски, без интервенција, мора да се доставува до Антикорупциска.