(видео)Митов: Требаше да се каже вакцината ќе ве заштити од тешка болест не дека ќе заштити од болеста

Многу грешки во информирањето и начинот на презентирање на податоците имаше во периодот на пандемијата во државата, е ставот на Александар Митов, магистер по јавно здравсрво во емисијата Стадион на Канал 77. Митов смета дека ова создаде голема поларизација во општеството.

 

-Има луѓе кои бараат факти. Ако сакате да направите нешто општествено, треба да се разговара со оваа група, бидејќи таму може да разговарате. Но ако се обраќате на луѓе кои не прифаќаат, не можете да убедите со сила. Тоа е контрапродуктивно,рече Митов.

На Фејсбук и останатите социјални мрежи се случува поларизација, смета Митов, споредд кој вакви подели има и меѓу лекарите. Според него имате такви кои се целосно против вакцини, но од друга страна има лекари со тежок речник, кој исто така напаѓаат.

Со тоа нема општествена добивка, туку луѓето можат само да се извентилираат и толку. Вака може само да го збуниме и дури изреволтира населението. Зошто споделував што треба да биде пристап? Уште не е доцна – ќе се обратите во општеството до сите што имаат влијание … религиозни водачи, лидери на било какви дриги актери – се создаде отпор кон инфлуенсерите. Со тие што имаат 30.000 – 100.000 следбенци. Зошто да не се поканат тие луѓе, нема да им паднат круните од главата. Нека ги поканат во кабинетот во Министерството и да се им се понудат податоци. Еве ви факти. Ако сакате, споделете. Кога ќе им се обратите со почит и аргументи, има некаква шанси да ги придобиете, рече Митов во Стадион.

 

Митов кажа дека имаше многу грешки во комуникација. Најголемата грешка беше кога се кажа дека кога ќе се вакцинирме ќе помине пандемијата.

Шест милијарди дози на вакцина се ставени во светот. Требаше да се каже: Не дека вакцината ќе ве заштити од болест, но ќе ве заштити од тешка болест, рече Александар Митов.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background