(видео)Павле Богоевски: Не бев на протестите против Преговарачката рамка, но тоа не значи дека ми се допаѓа

Тоа што дел од билатералните прашања се вметнати во преговарачката рамка и што со самото тоа се дава легитимитет на дел од бугарските позиции се две работи кои што реално не ми се допаѓаат во преговарачката рамка. Сигурно има повеќе од три коишто се дел од тој компромис којшто го постигнавме, но исто така има и повеќе од три коишто се добри, кажа Павле Богоевски во денешното издание на емисијата Стадион, коментирајќи ја потпишаната Преговарачка рамка со Бугарија.

Тој вели дека не бил на протестите што се организираа против Преговарачката рамка , што не значи дека му се допаѓа. За тоа дали го изненадил гневот кај невладиниот сектор, посебно кај тие што имаа силен печат на европејство, вели дека не го изненадил.

Според Богоевски овие протести се случувале пред се поради несоодветното менаџирање на комуникациите со јавноста и јавните очекувања

„Мора да се разграничат три различни аспекти. Една работа е незадоволството на дел од проевропската јавност кон содржината на Францускиот предлог, а сосема друга работа е негативниот сентимент кај широката јавност, посебно кај етничките Македонци којшто е предизвикан од Францускиот предлог и тие се „тие“ што доаѓале на протестите, но не се дел од партиската јавност. Сосема трета работа е опортунистичкото однесување на партиската опозиција за време на протестите и присвојување на политичките придобивки и на јавната комуникација со и од самите протести. Сигурно има и олигархиски опортунистички структури кои не сакаат влегување во ЕУ, кои не сакаат во ЕУ, зошто со тоа би почнале претумбации коишто ќе им ја рушат концепцијата“, вели Богоевски.

Според него реалноста на крајот од денот е дека бевме соочени со многу суштински одлуки коишто требаше да се донесат во рок од една недела а за кои не беа искомуницирани ниту со експертската, ниту со пошироката јавност, ниту пак со различните интересни групи во Македонија и тоа отвори одбивност кон било какви компромиси во процесот на преговорите.

Според Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, кој исто така беше гостин во емисијата „Стадион“, ние не влегуваме во ЕУ, затоа што ЕУ не сака да се проширува

„По оценките Македонија во повеќето критериуми има подобри оценки од Србија, Црна Гора и Албанија. Да не правиме тука дека некој не сакал, не можел, имало „рубља’ патриоти, ЕУ не сака да се проширува. Само ја одржува илузијата. Ние 17 години бевме кандидати без преговори, па добивме датум, без датум а сега имаме преговори без преговори, бидејќи немаме ни стриминг, ни преговори во моментов, односно имаме нешто го прават како супститут. Во основа треба да бидеме свесни дека нема желба. Добро кажал еден Босанец-Тие како глумат дека сакаат да се прошируваат, а ние како сакаме да пристапиме,“ кажа Клековски во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background