(видео)Силјановска Давкова-Советот на јавни обвинители и Републичкиот судски совет, не го положија тестот

Дека овие две тела, Советот на јавни обвинители и Републичкиот судски совет се партиски раководени може да се види и од авион. Можеби и шокантно звучи но таму во игра има судско-економски интереси, ги коментираше последните случувања во овие две тела професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова во денешното гостување на емисијата Стадион на Канал 77.

„Опомената на јавната обвинителка Ленче Ристовска за мене е негирање на слободата на мислење и зборува за неинформираноста на Советот на јавни обвинители бидејќи нејзината констатација , е констатација на Стејт департмент за силните влијанија во Обвинителството. Образложението е дека таа немала аргументи за тоа што го кажала, а тоа е кажано во една научна дебата,“ вели професорката по уставно право.

Според неа овие две тела, Советот на јавни обвинители и Републичкиот судски совет не го положија тестот.

„Тие требаше да внимаваат на целиот судски систем, за неговата независност, а не да се претворат само во изборни тела и тела кои дисциплински одлучуваат и разрешуваат,“ додава Силјановска Давкова

Попаметно би било, смета таа, да не се постојани тела туку судиите да се собираат и да ја вршат нивната функција.

Целиот разговор од гостувањето во емисијата Стадион проследите го на следниот линк.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background