(ВИДЕО) Америка обележува територија или носи демократија ?!

Американците се враќаат на Западен Балкан после една извесна пауза по администрацијата на Трамп, тие почнуваат со онаа стара алатка да го прочистуваат Балканот во смисла настојуваат да се локализираат врз прашања кои што можат да дегенерираат одредени одредени политички проблеми, смета професор Нано Ружин по прашањето што значи декретот на американскиот претседател Џо Бајден.

„Како кон институции, пред се политички партии, така и кон поединци со тоа што сметам дека во преден план ќе бидат истакнати оние кои настојуваат  да ги подгреваат масите во насока на рушење или непочитување на разни договори. Ова е голем придонес кон стабилизација на целиот регион. Сфатија од една страна дека мора да се води војна против организираниот криминал и корупција, а од друга страна против сите оние методи на разни популисти, носители на фејк њуз, манипулатори, за нив постои би рекол постои една политичко интелектуална заедница која сето тоа го осмислува и го организира и затоа мислам дека ова е голем придонес кон стабилизација на самиот регион“, вели професор Ружин.

Го поддржуваат владеењето на правото, институциите и затоа не не изненадува сето тоа што се случува и со зајакнатата острина би рекол на судските власти во РСМ, меѓутоа и пошироко, вели Ружин.

„И кон Бугарија, беа забранети пристапи на тројца тајкуни тоа е еден вид формула за надминување на тој вид криминал, и трето што е најважно и која што се однесува за нас лично, во третата точка, бидејќи знаеме дека овој декрет е составен од седум точки, инплицитно се истакнува значењето на Охридксиот договор, јасно е дека меѓуетничките односи се еден од столбот на стабилноста, а од друга страна билатералните односи, односно односите кои може да дегенерираат во дестабилизација тука се мисли пред се на склучување на Преспанскиот договор“, вели Ружин.

Првиот сигнал кој што го праѓа Бајден со својата извршна наредба е дека САД го обновуваат својот интерес кон Западен Балкан, на начин кој беше многу јасен под администрацијата на Клинтон, додека тој ја водеше надворешната политика на САД, смета аналитичарот Петар Арсовски.

„Има активна и многу директна вклученост во процесите во Западен Балкан, оваа извршна наредба покажува дека тие ја обновуваат заинтересираноста и пристапот на диркетна вклученост во овие процеси. Второ што покажува е дека тие се подготвени да направат и некои непријатели, односно да застанат малку поцврство во однос на своите стратешки интереси и демократските вредности кои ги застапуваат. Трето што покажува за Западен Балкан, дека ниту еден нема да биде амнестиран, дека ги следат случувањата“, вели Арсовски.

Ние не очекуваме можеби за брзо време да има проширување на таа црна листа, но овој декрет на Бајден не е воопшто изненадување, не знам зошто кај нас толку изненадувачки го дочекаа сите, смета Реџеп Исмаил од политичката партија Левица.

„Американската политика особено под притисок на мултиполарниот свет каде што веќе не може да прави како што сака како до годините што правеше и сега станува се поагресивна, особено од отпорот кој Народна Република Кина го пружа, па и Русија во Европа. Нормално е американската политика да станува поагресивна, тоа е нивна карактеристика, луѓето очекуваа дека таа агресивна политика на САД ќе престане со Трамп, затоа што малтене почна да се наговестува со ваков имиџ токму со Трамп, но исто така гледаме и дека со демократски претставник политиката станува се поагресивна и поагресивна“, вели Исмаил.

Во однос на прашањето дали декретот ќе има некако влијание на бугарското вето за преговорите со Македонија пред почетокот на Самитот на 22 -ри јуни, Ружин смета дека ќе се бара компромис врз основа на платформата на португалското претседателство.

„Кога ќе видите како политичките партии регаираат и лидери, а на Бугарите тоа пак им е уште помалку важно, сепак мислам дека овој настан ќе има повеќе инпакт во смисла на подигање на политичката култура, на политичкиот фактор на Западен Балкан. Ќе се бара урамнотежен компромис што го наоѓаме и во платформата, на португалското претседателство. Тука ќе мора да се бара интелигентен пристап кон тоа, со тоа што доколку се случи за овој период на привремената Влада во Бугарија за мене би било изненадување. Но доколку тоа се случи по изборите во Бугарија, тогаш тоа би било очекуван епилог“, смета професор Нано Ружин.

Арсовски по ова прашање смета дека потребен е ангажман на ЕУ и дипломатијата на САД, во однос на бугарското вето.

„Тоа ќе го зголеми влијанието и притисокот од што бугарските политички елити го чувствуваат од САД за ова прашање, но не може само по себе да биде конечно решение. Тоа може да ги забрза процесите, може да покаже колку САД се суштински заинтересирани за ова прашање, но мислам дека е потребно повеќе ангажман и од Европската Унија, но и од дипломатијата на САД ако сакаме тоа да се реши во прозорецот на време кој ни е останат, а тоа е до 22 јуни“, вели Арсовски.

Во однос на корупцијата, која е сместена во декретот на Бајден, дали треба Владата да се препознае, Арсовки вели дека притисокот на САД во однос на борбата со корупцијата ја чувствуваат сите земји во регионот.

„Секоја власт и повеќе земји на Западен Балкан со ендемска и системска корупција пошроко во регионот, која веќе станува феномен како да ни е генетски наследен на граѓаните на Западен Балкан. Секако зголемената борба против корупција е една од врвните приоритети на политика на администрацијата на Бајден воопшто, не само со оваа извршна наредба. Тој притисок сите Влади во регионот го чувствуваат. Оваа извршна наредба од САД повеќе им овозможува диркетно и таргетирано да блокираат и да ставаат на т.н црна листа луѓе кои што се вклучени во корупција“, вели Арсовски.

Реџеп Исмаил од Левица, смета црната листа нема во скоро да биде проширена ова е прво предупредување, па да видиме како ќе се постават политичките чинители, па потоа ќе проценат дали ќе има проширување или не. Ова е само укажување само каде треба да се движат, и да ги препознаат, смета Исмаил.

Тој смета дека декретот на Бајден би можело да има благо влијание врз бугарското вето, но смета дека не е тоа целта на декретот.

„Инаку ова пред се има влијание кон Европа, да го зголеми притсисокот Европа и интеграцијата. Бидејќи не е само Бугарија проблем за отворање на нашите преговори, тука има неколку политички групации кои во Европа отворено кажуваат дека проширувањето не би требало да се случи, или ако се случи во некоја друга форма. Пред тука европските сили се пресудни за Бугарија“, смета Исмаил од Левица.

Г.Д


Во етер
Наслов
Изведувач

Background