(ВИДЕО) Атанасов: Се сомневам дека ќе имаме успешни реформи

„Голем проблем е што нема суштински проблеми, ако зборуваме само за оваа идеја и проектна група професори кои се ангажирани од Министерството за образование и наука можеме да најдеме и добри и слаби страни. Јас зборувам општо за целиот процес на образованиe “, изјави професорот и поранешен заменик министер за образование и наука, Петар Атанасов.

Има многу работи кои не се прават, а јас сум се залагал, вели Атанасов. Укинувањето на екстерното тестирање го препишува на СДСМ, а во однос на најавената концепција Атанасов вели дека идејата има многу пропусти.

,,Владата на Зоран Заев и СДСМ го блокираше профункционирањето на академијата за наставници, кои требаше да ги обучува наставниците за посовремени методи. Но не се создаде ништо ново, никој не зборува веќе за аноними партиски директори од мали или големи политички партии кои ги водат главните образовни институции. Јас не видов директорот на Бирото за образование да излегува и дебатира со стручната фела, институциите се партизирани, немаат капацитет не се компетентни и она на што сме последно сведоци еве последниве недели за што и јас дадов неколку интервјуа и изјави, јавноста и стручната фела не ја прифаќа оваа идеја со концептот. Значи има многу слабости идејата, јас се надевам дека се земени осумте нивоа на компетентност за што се залага науката, но исто тука има различни нијанси и нивоа. Но кога зборуваме за основните компетенции, писменоста, природните науки и вредностите, тука лончињата се измешани. Јавноста со право реагира за ставање настрана на предметот историја во еден важен момент за државата, кога ние се бориме за сопствениот идентитет и за нашата промоција во европските нации“, изјави Атанасов.

Потребно е вели Атансов, да имате подготвен тим, но пред се треба да имате поддршка од стручната фела, треба да имате добри институции кои ќе ги спроведат реформите.

„Еве оваа идеја која што се нуди од овие неколку педагози, кои ќе ја спроведат оваа идеја јас се сомневам дека ќе има успешни реформи, кои институции тоа ќе го спроведат, кога нашите институции се руринирани и партизирани, кога Владата не одвојува финансии за образованието“, изјави Атанасов и додава дека  со години нашиот процент од БДП од 3,4% до 3,6%, со тоа нема реформи без финансии над 4,5% од БДП.

Атанасов препорачува идејата подолго да се разработи, да се работи на дигитализација и да се гледа на квалитетот на образованието за време на пандемијата.

„Во овој момент јас навистина би препорачал, да се стишаат духовите, оваа идеја малку подолго да се разработи, но пред се МОН и образовните институции да се бават повеќе со дигитализација, со квалитетот на образованието за време на пандемијата кој е страшно опаднат, а што се однесува до наставниот план и наставните програми нека се оди предмет по предмет, нека се оди со мајчиниот јазик да се види зошто нашите деца читаат без разбирање, каде се всушност проблемите со меѓународните тестирања. Да се обрне вниамние на природните науки“, вели Атанасов.

Во времето на Владата на ВМРО ДПМНЕ, МОН ги укина двопредметните студии за Факултетот за природни науки, каде што наставниците се обучуваа за математика , физика, хемија, значи имаше двопредметни студии на природни науки каде тие наставници денеска апсолутно би влегле добро во спојувањето и тезата во наставните програми на природните науки, не се согласувам дека ќе се направи хаос ако една интегрирана програма три до четири наставници влегуваат кај децата. Децата се нежна ранлива категорија ние треба д аобрнеме многу поголемо внимание на обуката и подготвеноста на наставниците, изјави Атанасов за “Стадион“.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background