(ВИДЕО) ­Влатко Стефановски: Музичарите се нервозни со право

„Почнав да готвам”, изјави познатиот гитарист Влатко Стефановски во емисијата „Стадион” на Канал 77, на прашањето како ја пребродува пандемијата. Тој откри дека почнал да открива за себе некои нови дисциплини.

„Открив некои дисциплини кои немав време порано да ги откријам, почнав да готвам, почнав да шетам куче низ маало, почнав да чистам и средувам во најскришните агли од мојата куќа и сето тоа на нервна база бидејќи не патувам, не свирам, не си ја работам својата работа што цел живот сум ја работел. Не по моја вина и волја, туку волја на некои појави кои не се во моја моќ. Јас да би можел веднаш би ја стопирал оваа пандемија и би го вратил животот во нормала, но таква моќ немам, морам да се снаоѓам да се прилагодувам”, изјави во „Стадион”, Влатко Стефановски. Креативно се посветил додека паузира од концерти и настапи, така во време на пандемија го издаде својот последен албум „Taftalidze Shuffle ” кој руши рекорди на Балканот.

„Работев во студио, работев интезивно затоа што морав нешто да работам, можев да се препуштам на летаргија и апатија, но за среќа имам домашно студио и можев да работам заедно со син ми и навистина уживав во таа работа и со моите соработници, делумно, всушност најголем број од нив
онлајн, а најчести средби имав со басистот Иван Кукиќ и со Андријана Јаневска. Со сите други работев онлајн, праќавме онлајн фајлови и така растеше таа продукција на албумот”, изјави Стефановски.

За целата состојба со пандемијата вели полека отстапуваме и полека се помируваме со ситуацијава и тоа е најопсно и најстрашно, стануваме како бајчиња и што ќе ни кажат тоа правиме и нема веќе размислување со своја глава или одлуки донесување со своја глава, стануваме како роботчиња.
Не се согласува дека онлајн треба да се одржуваат концерти, бидејќи како што вели музиката е благородна дисциплина.

“Сите овие онлајн концерти, стриминзи е навистина недостоинствено. Целата наша работа е наменета кон публиката, се што работиме го работиме за еден ден да стигне до публиката, а ако стигнува преку некои електронски форми, преку некои нови начини на комуникација, немам ништо
против да пишуваме мејлови, да се допишуваме на вајбер, но музиката е една благородна дисциплина. Контактот со публиката е незаменливо искуство, човек никогаш не може на памет да ги наброи плочите што ги има дома, но може да ги наброи најзначајните концерти на кој бил и тоа се
незаборавни искуства кои се паметат цел живот. На прсти можам да ги набројам концертите кои ми оставиле впечаток и тие биле во живо, не биле онлајн биле живи искуства во контакт со публиката, бендот, вели Стефановски.

Музичката индустрија е нервозна со право, вели тој и Мик Џегер е нервозен со право во карантинскиот проект „Eazy Sleazy” и му се восхитувам на енергијата на нешто повеќе од 70 години и на гневот што го има на тие години. Се плашам дека нема враќање од дигитализацијата, само напред ќе оди. Музиката испадна најзабранета активност, еве сега се пуштаат кафани, но без музика „што пречи музиката”.

Тој веќе во својата агенда има датуми за концерти, но сеуште се под знак прашалник дали истите ќе се реалзиираат.

„Би требало овој месец да имам концерт во Словенија тоа со сигурност ќе го знам во понеделник, дали ќе е дозволено да се прави концерт, инаку имам закажано многу датуми во јуни, во Атина, Бугарија имам некои концерти, Хрватска, во Србија имам еден фестивал, датумите се нижат но дали ќе се остварат концертите не знам”, изјави Стефановски.

Г.Д


Во етер
Наслов
Изведувач

Background