(ВИДЕО) ДЗС дава дозвола за употреба, а производителите сертификат за вградениот материјал, вели Менковски поранешен командант

Благоја Менковски, поранешен командант на скопската противпожарна бригада при телефонското јавување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 се пожали на тоа што пожарникарите кои имаат долгогодишно искуство во оваа професија  не се косултираат за ништо, исто така го истакна недостатокот од пожарникари, односно да се вработат професионални пожарникари. Зборуваше за недостаток на опрема за пожарникарите, бидејќи секоја противпожарна територијална единица има различни потреби, но како што напомена тоа треба да биде во консултација на пожарникарите. За набавената нова опрема исто така пожарникарите треба да бидат обучени во период кога нема пожари, односно во времето кога интензитетот на пожите е помал кадарот се обучува.

Менковски даде свое размислување за пожарот кој ја пеплоса модуларната ковид болница во Тетово.

„Тоа е голема штета и трагедија за сите нас. Во тие објекти, огноотпорноста на самиот материјал колку е како е, дали има пресек противпожарни сектори дали е тоа секторирано, огноотпорноста на материјалот од што се направени, дали има хидрантска мрежа, каде внатре има противпожарно црево, доводна вода во даден момент, дали е обучен персоналот, дали се обучени во делот на противпожарните апарати што има, пожарот многу едноставно се гаси кога е во почетна фаза. Тука има многу фази на разглобување за да може да се донесе конкретен заклучок од што настанал пожарот. Дали коридорот во самиот простор каде што се сместени пациентитеима ходник, може да се излегува од двете страни или само од една страна. Ова е теоретски бидејќи не сум видел од што е изграден контејнерот, материјата колку е огненоотпорна, колку се шири огнот, во кој сегмент. Знаеме дека кога гори пластика се создава огромно количество на јаглед диоксит, се создава огромна температура, луѓето се во паника, вработени колку имале и колку биле обучени за почетно гаснење со противпожарен апарат и дали имало противпожарни апарати“, вели Менковски.

Вели една барака од дрво гори од 5 до 10 минути, но не може да зборува бидејќи не знае што е својството на материјалот на монтажните болници.

„Многу пати сум почувстувал огромна температура, кога пламените јазици ќе се свртат кон нас, тоа е страшно нешто треба да се почувствува, а со зборови не може да се опише. Кислородот го поддржува горењето, колку имало боци, каде бил сместен системот и итн. За да експлодира една боца треба да се загрее, тој е дистрибуиран во метални шишиња кои се испитани и ако настане експлозија од кислородна боца треба многу да се загрее“, вели Менковски.

Тој ја посочи Дирекцијата за заштита и спасување како овластена да даде дозвола и кои би требало да проверат во тој сегмент дали коридорот за спасување одговара според проектот.

„Се работи за болница, дали е тоа секторирано, тој објект дали има противпожарен секторен ѕид кој не го дозволува ширењето на пожарот и да има пожар да не се прошири до последната просторија, и да гори многу споро да може да се изврши евакуација. Ние како оперативци, дали имаме доволно пристап до самиот објект, дали може веднаш да интервенираме итн. Кој дава  употребна дозвола? – Тоа го прави дирекцијата за заштита и спасување, а производителот мора да има сертификат колку е отпорен материјалот кој што е вграден. Таму има пациенти неподвижни, користат кислородна боца, дали может да станат да се спасат и итн. И за тоа треба да се размислува малку подлабоко. Сега слушам дека ќе дошле експерти од Германија на што ни укажува тоа? – Не би сакал да коментирам, но можам д а прокоментирам и на пожарните овде кај нас во Буковиќ дошле француски експерти, па нема ли наши експерти“, вели Менковски во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Г.Д

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background