ВИДЕО: Лозано се загрева за концерт со нова песна

На ден пред големиот концерт на Билјанини извори во Охрид, Лозано ги израдува фановите со нова песна.

На „Не те вадам од памет”, како автори се потпишуваат неговите проверени соработници, тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.

Главната улога во видеото ја има моделот Мартина Михајловска, а режијата е на Даниел Јовески.

Лозано вели дека едвај чека да ја испее новата песна на утрешниот концерт кој е во организација на „Прагма продукција“. Новото концертно доживување со Лозано стартува во 19 часот, а пред него ќе настапат неговите помлади колешки, Антониа Гиговска и Лина Пејовска.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background