Сакате да ослабете, но не сте сигурни каков режим на исхрана и вежби треба да воведете затоа што не знаете кој дел од вашето тело најмногу треба да го намалите или кои мускули да ги засилите?
Новиот уред налик на огледало ќе ви помогне во тоа.
„Магичниот уред“ Naked 3D Fitness Tracker не служи само за видите како изгледате туку за 20 секунди го скенира телото и податоците ги проследува на апликација, пресметувајќи каде имате најмногу мускулна маса, а каде наталожени маснотии така што можете да ги следите промените на своето тело по тренингот.
„Нашите корисници сакаат да ги видат промените на своето тело. Дури им овозможивме и следење на бременоста од месец во месец“, истакнува Фарад фарабакшијан, основач на компанијата Naked Labs, кој го осмисли и тестира овој уред уште од минатата година.
Naked 3D Fitness Tracker наскоро треба да се најде во продажба, а цената за преднарачка е околу 500 долари.