(Видео) Подобро ќе беше Црвенковски да продолжеше со молкот, смета екс премиерот Бучковски
Оваа раководство на СДСМ на чело со Зоран Заев и она што се случуваше во изминатите три години, покажа храброст и одлучност и затоа ја има мојата поддршка, изјави во интервјуто во емисијата „Стадион“ на Канал 77, професорот Владо Бучковски, поранешен македонски премиер.
Според него, Зоран Заев имаше храброст да затвори многу нерешени прашања.
Во врска со реакцијата на Бранко Црвенковски, Бучковски вели дека жали што се јавил после седум години и дека подобро би било да продолжел со молкот.
„Си направи повеќе себе си штета , отколку нешто промени во СДСМ“, смета Бучковски.