(видео) Правото на информирањето е поважно од јазикот – став на Земон во Стадион

На јавниот сервис на МРТ има канали и емисии кои не го симболизираат мултикултурализмот кој се промовира во државата, туку е слика на паралелни светови. Вака илустративно ја претстави состојбата со погрешниот приод со јазиците лидерот на Еѓипјаните, Рубин Земон. Тој направи споредба со Хрватската телевизија и МРТ.

-Хрватската телевизија ХРТ има емисија „Призма“ што денеска се емитува на хрватски јазик во траење од еден час и е за сите заедници. Тоа е право на информирање, а кај нас на МРТ има емисија во која ми зборува на влашки, а ништо не разбирам, немаме мултикултурализам. Имаме етноцентризам и паралелни светови, рече Земон.

Зборувајќи за влезот на Бугарите во Уставот, Земон кажа дека во усвоената Рамковна конвенција уште пред повеќе од 20 години е гарантиран влезот на помалите етнички заедници.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background