(ВИДЕО) Пренџов: Каде ние Македонците да се пишеме Македонци

„Каде ние како Македонци да се пишеме Македонци?!“, ова прашање во денешната емисија „Стадион“ на Радио Канал 77 го постави пратеникот од политичката партија ГРОМ, при дебатирање на денешната тема за запишување на етничката припадност во лична карта.

„Точно е тоа дека ние се залагаме граѓанинот да биде напрво место , ние сме граѓанска партија јас како човек сум  либерал каде што индивидуата ми е на прво место, не ми е колективот на прво место како што им е на Левица. Ние имаме огромен проблем во последниве години со голем број на индивидуи кои се припадници на македонскиот народ и ние како политичка партија алармиравме, не од сега со ова законско решение. Нашиот став е во континуитет уште пред два тир години со промена на Уставот, со промена на уставното име ние на дебати, јавни соопштенија прашувавме каде ние Македонците освен по дома можеме да пишеме дека сме Македонци?! – Каде мене ми стои дека сум Македонец?!“, вели Пренџов.

Тој вели дека македонскиот народ се чувствува загрозен во својата сопствена држава, бидејќи не може да се искаже дека е Македонец.

„Јас немам ништо против во личната карта моја да стои Љупчо Пренџов, коса црта Mакедонец, дури сакам да имам и право на избор тоа да го вметнам во моја лична карта. Тоа е мојот категоричен став.. Ние како политичка партија не сме се залагале за ова, затоа што има побитни работи од суштинско значење на граѓаните, но во истовреме и ова е многу важно. При секоја посета на општинска организација, при секоја средба со граѓаните вие гледате еден пад на енергијата на македонскиот народ кој што се чувстува загрозен во сопствената држава, не може да се искаже дека е Македонец и дека живее во Република Македонија“, рече Пренџов.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background