(Видео) Соња Мираковска: Ние сме за една изборна единица без изборен праг, но не на сила и шверцерски како што прави опозицијата

Пратеничката и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска од НСДП, која опозицијата ја обвини дека намерно ги кочи изборните реформи неставајќи го на дневен ред на седница на Комисијата предлог законот, вели дека тоа се неосновани политикантски притисоци.
НСДП долго години се залага за една изборна единица и нема причина да блокира нешто против своите заложби и програма. НСДП бара поголема сериозност и јавна расправа со поширок опфат за да се дојде до поквалитетно и поопстојно решение, не на сила и не со лицитирање со бројот на изборни единици, кој со кој ке направи 61 глас за да се изгласа законот и користење и злоупотреба на изборниот законик само за свои причини.

„Ние бевме иницијатори за договор со СДСМ за една изборна единица. И јас сум за тоа без изборен праг и против предизборно коалицирање, но станува збор за нешто што ќе го промени политичкиот живот во државата. Изборен модел кој ќе биде најдобро огледало на општеството, кој на пратениците ќе им даде поголема независност без да размислуваат само за партиските интереси. Треба да ги предвидиме сите опции и можни ризици. Добро е што сериозно е отворен процесот, имаме две и пол години и не се согласувам брзо и на сила да се турка законот во собранието. Може со 61 глас да се донесе, но тоа не е добро потребен е поширок консензус. Доколку парламентарните партии иницираат Комисијата за политички систем може да организира  јавна расправа со научната фела во големата сала, да се разговара со учество и  на невладиниот сектор, вонпарламентарните партии кои исто така се важни. Во никој случај не е во ред Вмро Дпмне на сила сам да го води и форсира процесот, да разговара со коалиционите партнери, а НСДП да не ја поканат, а и да не поканеа на ваков начин немаше да учествуваме”, рече Соња Мираковска за Радио Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background