(Видео) Стаменкова: Со новиот закон за пензионирање на рударите има и интерес за оваа професија

Просечната старост на вработените рудари во рудникот „САСА“ е 27 години, со новиот закон за пензионирање на рударите во пензија заминуваат на 40 години, а новите вработувања покажуваат дека има доволен интерес за оваа работна позиција, на оваа тема и уште многу други локални теми поврзани со општина Македонска Каменица, зборуваше градоначалничката на оваа општина, Соња Стаменкова во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Таа вели да не ни се случи 2003 година, мислејќи на намлениот број на вработени во рудникот и иселени граѓани.

„Во моментов „Централ Азија Металс“ е сопственик – концесионер во рудникот состојбите се значајно подобрени. На рударите им ветивме дека ќе го вратиме стариот закон за рударите кој во 2007 година беше укинат, тоа значи дека сите рудари ќе одат во пензија со 40 години работен стаж внатре со јама, меѓутоа продолжен стаж, бенефициран активни 27 години. Во момнетов рударите имаат бенефициран стаж, меѓутоа сега на 50 години одат во пензија затоа што им се валоризира целиот стаж, додека пред 2019 година тие на 58 години одеа во пензија. Во изминатите две до три години се направени над 150 вработувања, просечната старост е 27 години тоа покажува дека има доволно интерес за работа во рудникот“, вели Стаменкова.

Таа вели дека иселувањето е присутно, но не до оној степен како во 2003/2006 година, според последниот попис во Македонска Каменица има 8.100 жители, меѓутоа со последните проценки и вкрстување на сите податоци од релеванти институции, во Македонска Каменица во моментов има околу 7.900 жители.

Оваа година општината Македонска Каменица прославува 25 години постоење, како што вели градоначалничката ова е јубилејна година која ќе се прослави на 28 -ми август на „Денот на македонските рудари“.

Во однос на заштита на животната средина и зеленило, со оглед на присуството на рудник во близина на градот, градоначалничката Стаменкова вели дека рудникот „САСА“ има редовна обврска да спроведува мерења кои ги објавува на нивната веб страница, а исто така ги објавуваат и релевантните иснтитуции во државата кои што мерења се во рамките на нормалата.

„Во моментов се рекултивира и чисти градското подрачје се раззеленува и се дочистува Каменичка река, последните анализи на водата покажуваат дека анализите се вратени на претходното ниво“, вели Стаменкова.

Во однос на забоелни граѓани како последица на рударската професија која бара голема жртва на здравјето, Стаменкова вели дека статистиките покажуваат намалување на заболени, а дури и воопшто нема регистрирани случаи на заболени од силикоза, а тоа е резултат на вложувањата од страна на сопствениците на рудникот за грижата на здравјето на рударите.

„Долги години работев во здравство, бев медицнска сестра меѓутоа ги водев статистичките податоци кај нас во ординацијата каде бев вработена. Ако земеме во предвид пред воведувањето на новите методи во рудникот дека силикозата како професионално заболување беше доста застапена,  имав и блиски пријатели кои починаа од оваа болест. Сега новите, па и претходните сопственици ангажираа стручни тимови кои што се грижат за здравјето на рударите, но и доста вложуваат за зашита при работа, што резултира со нула случај на заболени од оваа болест. Не можам да кажам дека статистиката покажува некои зголемувања на канцерогени заболувања кои што се од директно влијание од работата во рудникот. Не е процентот поголем од соседните општини“, вели Стаменкова.

Градоначалничката одговараше и на прашањата за регионалната депонија, како и проблемот со јавниот превоз и реконструкција или крајно решение на патните правци околу оваа општина.

„Пред две три години беше само реконструиран постоечкиот патен правец што до еден степен го олесни движењето, но не и сигурноста. Опциите кои што се разгледуваат, преку Бигла на нас Каменичани не ни одговара, а другата опција која поминува преку Тулица  е нешто што би можело да наиде на разбирање од централните власти тој проект да се стави во функција на ски туризмот. Владата сериозно работи и одвои средства за развој на туризмот на Осоговијата каде базните станици треба да бидат во атарот на селото Саса, па се надевам дека тоа ќе повлече да се најде решение и за патниот правец. Во самата стратегија за ски туризмот се предвидени пристапните патишта до Кочани, тоа е неопходно затоа што не може да развивате ски туризам,  а да немате пристапни патишта, една од солуциите е пристапот од каменичка страна, што значи дека интензивно се размислува за решение“, вели Стаменкова, која додава дека со сите градоначалници од источниот регион се на иста линија и дека мора да постои нов патен правец од Македонска Каменица кон Делчево.

„Јавниот превоз се поставува како проблем – прашање и на Советот, го поставуваат и граѓаните и е голем проблем. На почетокот на мојот мандат стапив во контакт со сопственикот на „Берово Транс“ при што тој реално ја отслика состојбата, дека нема доволно патници кои би му ја оправдале линијата. Сега во корона пандемијата  со сите мерки му е сосема не исплатлива линијата со ограничениот број на патници. Тоа е проблем за кој мора да разговараме со други сопственици кои имаат можност да се обраќаат и меѓуградски“, вели Стаменкова.

„Депонијата е многу важна работа која на сите ни тежи, меѓутоа јас можам да кажам дека севрноисточниот и источниот плански регион се во голема предност од останатите региони затоа што средствата кои што се наменети за интегрираното управување со отпад се обезбедени, ние веќе сме во втората фаза, сите општини ги добивме возилата, сега е веќе дистрибуцијата на контејнерите што одредени општини ги добија, а очекуваме и овие денови Македонска Каменица да добие 70 контејнери. Поради корона кризата не се одбра надзор, туку се одбра компанија која веќе ќе прави култивација на старите диви депонии, мислам дека и таа постапка е сега завршена. Во најкус можен рок се очекува да започне затрупувањето на градските ѓубришта, општина Македонска Каменица ќе биде претоварна станица и во околината на општината повеќе нема да постои ѓубриште“, вели Стаменкова.

Во време на пандмеијата рудникот „САСА“ не отпушти ниту еден вработен, вели Стаменкова напротив во време на пандемија во два циклуси се примија нови вработени, затоа што со новиот закон за пензионирање добар дел од вработените заминале во пензија. Голем дел од жените пак кои работеле во конфекцииите и останале без работа биле ангажирани во „Анфенол“ – Кочани.

Во однос на општинските обележја на Каменица како што се грбот и знамето, Стаменкова рече прво е потребна конссултација на стручната јавност. Грбот на општина Македонска Каменица според Договорот од Преспа е тргнат од употреба, бидејќи на него се ноаѓа знакот на Вергина.

„Со Договорот од Преспа, пошто се наоѓа знакот на Вергина се трга од јавна употреба, во моментот подготвуваме одлука на Совет, по што самиот Совет ќе формира Комисија која што ќе распише јавен повик за ново знаме и нов грб на општина Македонска Каменица. Ние  единствена општина каде внатре во грбот постои името на општината, и таму се наоѓа еден знак кој што во моментот го користи ЕСМ или ЕЛЕМ. Се она што планираме да го правиме како локална власт најпрво се консултираме со стручната јавност, ако тие ви дадат забелешка и не е по законот на хералдиката и дека треба да имаме знакови и обележја по стандарди тоа треба да го направиме“, вели Стаменкова.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background