(ВИДЕО) Тодоровски: Концептот на Мила е копиран од средното училиште „Нова“

Димитар Тодоровски постдипломец по историја во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 вели дека нема што да се дебатира за новиот концепт за образовани.

„Ние сме за европски реформи, но не значи ако се стави префиксот „европски“ е добар концепт. Нема да дозволиме европски реформи со укинување на предмети“, вели Тодоровски.

Тој вели дека концептот кој беше најавен како фински и словенечки модел тоа не е вистина, овој модел вели е плагијат на средното приватно училиште „Нова“.

Смета дека треба да има реформи, но откако ќе се консултираат МАНУ, Институтот за историја и сте засегнати институти кои ќе создадат еден образовен модел.

Тој вели дека овој концепт треба да се повлече, доколку не се повлече во спротивно вели Тодоровски како студенти тие ќе се радикализираат.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background