(Видео) Трајковски: На Делчево не му требаат казина, туку нови фабрики

Проектот од предизбориенто за изградба на водоводна прежа во село Звегор и Габрово, градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски вели дека веќе почнува да се реализира со тоа што веќе е потпишан договор со фирмата изведувач, ова Трајковски го изјави при гостувањето во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

„Таму има водоводна мрежа секое семејство има приватна мрежа изградена пред многу години и тие не се приклучени на градскиот водовод. Имаме проект кој е најголем и кој се случува. Досега е почнато со негова реализација и на филтер станица и на водоводна мрежа во село Звегор и село Габрово, овој проблем ќе се реши за 50 до 70 генерации во иднина и ќе имаат доволни количини на вода и ќе биде бактериолошка и хемиски исправна. Овој прокет беше дел од изборните ветувања, пред околу еден месец и една недела го потпишавме договорот со фирмата изведувач и градежните работи се веќе започнати на терен“, вели Трајковски.

Градоначалникот Трајковски смета дека добра работа е што нема казина во Делчево иако е погранично градче, но заоа пак вели дека туристите од Бугарија се чести гости во Делчево што е добро за економијата на градот.

„Ние имаме многу посетители од соседа Република Бугарија кои често доаѓаа пред пандемијата. И за среќа гледајќи го крајот на пандемијата повторно се враќаат што на еден начин заживува економијата со нивното доаѓање во Делчево. Во однос на тоа што нема доволен број на казина, тоа се приватни инвестиции не е ова работа на локалната самоуправа или државата, но некако со времето во Делево немаше инвестирано во казина. Јас од моја гледна точка би кажал за среќа што немаме толку казна во Делчево, ова е еден порок на секој човек и земајќи го во предвид тоа што нема некои сериозни импликации како буџетски средства во општината, подобро е младите луѓе да се занимаваат со други работи отколку на овие игри“, вели гардоначалникот.

Дали ќе се кандидира за втор мандат како градоначалник на Делечево, тој рече дека тоа го остава на партијата да одлучи.

„Вчера беше објавено првото име за кандидат за градоначалник во општина Валадово, Перо Костадинов тој е извонреден човек, кој во изминатите три ипол до четири години се внесе во работата за да ги подобрува условите и квалитетот на животот на валандовчани. Функцијата градоначалник ја согледале во партијата и се одлучиле да ја трча трката за втор мандат како кандидат за градоначалник на општина Валадново. Во однос на мене лично, исто максимално посветено работев за да ги решам проблемите на граѓаните. Сето она што беше натрупано со години и децении наназад. Не работев за да освојам втор, трет или четврт мандат туку за да можам да го подобрам квалитетот на животот на моите сограѓани. Во однос на ветеното и реализираното ќе се одлучува дали некој од нас заслужува да трча втор мандат или пак ќе биде избрано ново лице за кандидат. Со овие внатрепартиски процедури веќе е почнато и веќе за следната недела има најави дека ќе бидат објавени кандиатите за градоначалници. Јас сум сигурен дека во Делчево, СДСМ ќе победи,  а другото го оставам на органите на партијата“, изјави Трајковски.

Опозицијата вели дека не е реализиран мостот на Брегалница, додека пак градоначалникот вели дека ветениот пешачки мост е реализиран, но треба да претрпи санација.

„Пешачкиот мост е реализиран на улица „Индустриска“, на тој мост треба санација на реката Брегалница затоа што има одмивање на песокот од речното корито и статиката на мостот е во некоја мера нарушена. Но, таму според ГУП-от имаме булеварско решение кое што е многу голем проблем, сега во моментот правиме нов ГУП. Ова булеварско решение вели дека треба да имаме два моста и треба да се направи проект, но со новиот ГУП ќе добиеме можност да се смени ДУП-от и по основ на него да го санираме мостот“, вели Трајковски.

За Домот на култура „Разловци“ вели е една убава градба која опстојува со години наназад во кое е сместено и историското наследство на  државата. Имаше обиди во минатото да биде реконструиран тој дом  што е најжално кровот пропаѓаше целосно и беа уништени сите дела кои беа внатре во тој спомен дом. Но сега во соработка со Министерството за култура и Националната установа Центарот за култура Делчево се излобираа средства за да може да биде саниран кровот, се работи на кровот. Во тек се градежните работи за поставување на нова кровна конструкција. За две до три недели овие работи ќе бидат завршени“, изјави Трајковски.

За патот Македонска Каменица – Делчево, Трајковски вели дека се зборува за изградба на нов регионален пат, брз пат. Идејното решение предадено е во Министертсвото за транспорт и врски, по кое идејно решение потребно е да се направи основен проект, за да оди на седница на Влада и таа да одобри, па да се направи техничката документација.

„Не е проект за една улица туку за пат од 34 километри на тој начин ќе го скратиме патувањето од Кочани до Делчево за 11 километри, сега патот е 45 километри и ќе добиеме крајно решение за сите жители од крајниот исток на државата“, вели Трајковски.

За одорните појасни дека се санирале, но и дека Владата вложила за патниот правец Кочани – Делчево преку Македонска Каменица и сега коловозот бил во многу добара состојба и заради релјефот на тој терен одроните остануваат.

Според последниот попис во Делчево живеат 18.900 жители. Најголемата загуба вели Трајковски што како општина ја  претрпеле се жртвите  од корона кризата, 28 луѓе починаа.

„Ова е најголемата штета, па потоа следува економската штета губење на работните места, застој на производствените процеси на фирмите. Поради мерките и почитување на истите нема затворање на фирмите во Делчево, ниту пак отпуштање на поголем број на работници“, изјави Трајковски.

Во однос на развојот на туризмот на Голак, Трајковски појасни дека има административен проблем кој треба да се реши.

„Во 2013 година се има изработено ДУП за Голак од страна на Министертсвото за транспорт и врски и ова е еден голем проблем кој веќе три години настојувам да го решам. Јас не сум поборник на Голак да се изградат максимален број на објекти и да ја уништиме природата, но во она што е предвидено во ДУП-от, тоа се 63 објекти и 31 објект се продадени и преостануваат уште 32 објекти, но при запишувањето на земјиште од градежно е префрлено во катастар до општина. Меѓутоа корисничкото право сеуште стои на македонски шуми. Ова е проблем кој што го нема во законот, и кружиме од институција во институција да најдеме прешение. Сега имаме некои надежи бидејќи крајно се обративме до генералниот секретар на Владата  за да најде решение за тој проблем“, вели Трајковски.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background