(видео) УДБА го штитеше но и користеше Ванчо Михајлов – Чакарјаневски во „Стадион“

Зошто Ванчо Михајлов последните години од животот ги помина мирно во Рим се до својата смрт во 1990 година, без обид да биде ликвидиран од партизаните, а потоа и од левичарската власт во Македонија? Одговорот на овие прашања ги даде професорот Ѓорги Чакарјаневски, која кажа дека бил заштитуван од како што рече, „нашата УДБА“.

Нашата УДБА малку го штитеше, затоа што собираше информации од него. Подоцна во Македонија се уфрлија негови луѓе, кои делуваа тука, носеа летоци, службите тоа го знаеја, ги следеа, 4-5 луѓе беа, ги знаеја и јатаците. Кога се враќа преку Албанија, службите им го чистеа патот, но во Италија ги ликвидираа, тргнувајќи од тоа како успеале да преживеат две недели во Македонија, кажа Чакарјаневски.

Професорот потсети дека власта во Германија се обидела да го донесе Михајлов на власт во Македонија.

Ванчо Михајлов по природа беше страшливец. Германците направија обид да постават друга власт, Ванчо Михајлов да го постават, и за таа цел го носат со авион во Софија, после седи во Скопје, се среќава со неговите поддржувачи, како Картов, Ѓузелов, кои му кажуваат дека тешко нешто да се направи. И тука завршува неговата приказна и се враќа во Рим, објасни Чакарјаневски.

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77, професорот Ѓорги Чакарјаневски го опиша и историскиот момент на ослободувањето на Скопје со кои ги негираше бугарските тези дека бугарската војска прва влегла во Скопје и го ослободила. Повеќе погледнете во видеото во прилог.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background