Вино Викенд 2017: Три дена „слава“ на виното, музиката и љубовта!
Афирмирајќи ја винската култура во Македонија, создавајќи спој меѓу виното, музиката и љубовта, изминатиот викенд Радио кафе Канал 77 беше домаќин на манифестацијата која за првпат се случува во источна Македонија – Вино Викенд 2017.
Три дена по ред, на ова автентично место доаѓаа стотици посетители не само од Штип, туку и од околните градови. Свесни за придобивките кои ги нуди виното, тие уживаа во производите на најдобрите винарии во Македонија. Три дена по ред, Штип пулсираше во ритамот на комбинација од комерцијална и алтернативна музика. Повеќе музички ѕвезди настапија на сцената во овој мултимедијален центар, пркосејќи им со својата енергија на ниските температури кои не се вообичаени за април.
Настанот почна со интерпретацијата на џез музика од страна на Еквинокс, по што забавата продолжи со Д бек дор бенд. Првата вечер ја заокружија Ике де Кока. Вториот ден од Вино Викенд донесе и повеќе посетители, кои на почетокот уживаа во настапот на Блу Бенд. Филип Стевановски бенд исто така приреди впечатлив настап, особено со преработката на некои од најголемите светски хитови. Уживањето во македонските вина беше уште поголемо со македонската музика, која на сцената ја донесе Дани Димитровска – енергична и оригинална како и секогаш!
Последната вечер од настанот во Штип, на музички план ја почнаа момците од Но Енд, покажувајќи се како одлични домаќини и најавувајќи ги битолчаните од Брад Брадерс. Неповторливиот Бен Нон Стоп пак, на сцената донесе уште поголема енергија со која впрочем и беше заокружено првото издание на Вино Викенд 2017!
Пријателите кои ги удостоија организаторите на ваквиот културен настан се:
Тиквеш
Сковин
Имако Вино
Попов
Бовин
Стоби
Попов
Месна индустрија Римес
Кафе МИО
Осоговски млечни производи
Државна лотарија на Македонија